Соопштение за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Битола [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Битола

Соопштенија за јавност  |  27.2.2020

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 334-та седница одржана на ден 26.02.2020 година, донесе Одлука за определување Вршител на должноста Претседател на Апелационен суд Битола и ја назначи судијата Љиљана Чочковска, судија на Апелационен суд Битола.

Одлуката влегува во сила на ден 02.03.2020 година.

Судскиот совет на Република Северна Македонија констатира дека на Елизабета Манели Ташевска, претседател на Апелационен суд Битола мандатот и истекува на 29.02.2020 година.

Согласно член 89 од Законот за судовите, во случај на разрешување или престанок на мандатот претседател на судот, до изборот на нов претседател на судот, Судскиот совет од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот.

 

 

 

 

 
 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_