Соопштение за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Битола
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Битола
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 334-та седница одржана на ден 26.02.2020 година, донесе Одлука за определување Вршител на должноста Претседател на Апелационен суд Битола и ја назначи судијата Љиљана Чочковска, судија на Апелационен суд Битола.
Одлуката влегува во сила на ден 02.03.2020 година.
Судскиот совет на Република Северна Македонија констатира дека на Елизабета Манели Ташевска, претседател на Апелационен суд Битола мандатот и истекува на 29.02.2020 година.
Согласно член 89 од Законот за судовите, во случај на разрешување или престанок на мандатот претседател на судот, до изборот на нов претседател на судот, Судскиот совет од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот.