ОГЛАС
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ОГЛАС
АПЕЛАЦИОНЕН СУД БИТОЛА
Су.бр.04-4/2017
20.02.2017 година
БИТОЛА
Врз основа на членовите 41 и 48 од Законот за судовите, Апелациониот суд Битола, на ден 20.02.2017 година го објавува следниот :
О Г Л А С
за пријавување на кандидати за избор на судии поротници
во Апелационен суд Битола
Во Судскиот совет на Република Македонија, претстои избор на судии поротници за Апелационен суд Битола.
Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени во член 48 од Законот за судовите и тоа :
- да се полнолетни ;
- да се државјани на Република Македонија ;
- да имаат завршено Високо образование ;
- активно да го владеат македонскиот јазик ;
- да не се постари од 64 години.
- да уживаат углед за вршење на функцијата судија поротник;
- судија-поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите;
Кон пријавата кандидатите да ги достават следните оригинални или заверени документи :
- Уверение за државјанство не постаро од 6 месеци ;
- Уверение или диплома за завршено образование.
Пријавите, кандидатите да ги поднесуваат кај техничкиот секретар на Претседателот на Апелациониот суд Битола.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Огласот трае до 06.03.2017 година.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ
Елизабета Манели Ташевска