Известување за Европскиот ден на правдата
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување за Европскиот ден на правдата
Новости
|
20.10.2023
По повод Европскиот ден на правдата, 25 Октомври 2023 година (среда), Апелациониот суд во Битола ќе има отворен ден за граѓаните на Република Северна Македонија. Целта за неговото одбележување е во сите европски држави правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување.
Апелациониот суд Битола го поддржува одбележувањето на овој ден и ги поканува сите заинтересирани граѓани да дојдат и одблиску да се запознаат со спроведувањето на правдата во оваа институција.