Јавен оглас број 01/2024 за вработување на 3 (три) лица на определено време
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас број 01/2024 за вработување на 3 (три) лица на определено време
АПЕЛАЦИОНЕН СУД БИТОЛА
СУ-04-08/24
25.01.2024 година
БИТОЛА
Врз основа на чл.18 ст.1 алинеа 2 и ст.6 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/15, 98/15, 33/15, 6/16 и 198/18) во врска со чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи, Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници, („Службен весник“ бр.236/18), Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во Апелационен суд Битола Су-01-47/2018 од 29.11.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Апелационен суд Битола Су-01-47/2018-1 – Пречистен текст од 18.09.2019 година, Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во Апелационен суд Битола Су-01-51/2019 од 16.09.2019 година, Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во Апелационен суд Битола Су-01-62/2019 од 16.12.2019 година, на ден 26.01.2024 година Апелационен суд Битола објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2024
За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2024 година за следните работни места:
-
Судски референт – дактилограф, категорија „Г“, ниво „Г-3“ – 1 (еден) извршител
-
Судски референт – извршител во писарница, категорија „Г“, ниво „Г-3“ – 2 (два) извршители
Целосниот текст на огласот може да се преземе на следниот линк
Пријавата за огласот можете да ја преземете на следниот линк