За судиите
ActionsЗа судиите
Претседател
CV на Претседател
Судија Жаклина Доведен
Образование:
Студиите на правниот факултет ги завршува во 1990 година, а од 1992 година до 1998 година волонтира во Основниот суд во Струга. Во 1996 година го положува правосудниот испит.
Работно искуство:
Се вработенува како стручен соработник во Основен суд Струга на 01.09.1998 година. Од 2002 година до 2011 година е судски администратор на Основен суд Струга. На 30.11.2011 година избрана за судија на Основен суд Битола, и работи во граѓанскиот оддел. На 28.06.2013 година избрана за судија на Апелациониот суд во Битола каде работи во граѓанскиот оддел.
zaklina.doveden@asbitola.mk
Судиите
Судија Татјана Сусулеска
Судија Татјана Сусулеска
Образование:
Дипломирал на Правниот факултет во Битола на 17-10-1984 година. Правосудниот испит го положилa во Скопје 23-06-1987 година.
Работно искуство:
Вработен е во Општинскиот суд Прилеп од 01-02-1988. Една година волонтерски стаж, осум години работен стаж како стручен соработник во Основен суд Прилеп, а судија на истиот суд од 1996 год. Во текот на работата како судија на Основен суд Прилеп од 1996 год. до 2008 год, работела на граѓански спорови, стопански спорови и стечајни предмети. Од 1999 год. само во одделот за стопански спорови и стечај, како и спорови од областа на трговско право. Две години работела и како заменик на претседателот на Основен суд Прилеп. За судија во Апелациониот суд Битола е именуванa на 26-08-2008 година. Посебна специјализација на стечајни предмети и спорови од областа на стопанско, трговско право, статусни и акционерски спорови, како и спорови за заштита на интелектуалната сопственост.
Објавени трудови и активности:
Континуирани домашни и меѓународни едукации од наведените областа во текот на целиот период на судискиот стаж и тоа во проекти во организација на Здружение на судии на РМ, Министарство за правда на РМ, Проект за модрнизација на судството - ДПК и УСАИД, КАРДС програма, Пакт за стабилност и АББА ЦЕЕЛИ - асоцијација на адвокати од Америка и централна и источна европа, како и обука за постапката пред Европските судови во Стразбур и Луксембург. Учествувала и на семинарите во организација на Светска банка и проект „Стечајна администрација“ за примена на законот за стечај, меѓународна коференција за стечај во Аризона – САД во 1998 год., во Прага - во 2000 год. како двонеделна едукација од областа на трговско и стечајно право, во Чикаго и Њујорк – САД во 2002 год. - како претставник на стечајните судии на РМ и Централна и источна европа заедно со уште тројца судии од други држави од оваа област, конференција во Вашингтон во 2002 год. за споровите од областа на Интелектуалната сопственост на која исто така била претставник на судиите на РМ со сопствено излагање на тема „Привремени мерки“, семинарот во Софија во Октомври 2007 година, организиран од Пактот за стабилност за обука на едукатори за право на ЕУ. Во Академијата за обука на судии и обвинители, од месец септември 2007 год. работи како постојан едукатор од областа на трговско право. Работи како едукатор на семинарите на Здружение на судии, здружение на правници од стопанството на РМ на теми од практична примена на Законот за стечај , органи на стечајна постапка, статус на вработените, доверители во постапката и сл.- сметано од 1998 год . до денес; Вршела едукација на стечајни управници на тема „Реорганизација во стечај“ , „Услови за отворање на стечајна постапка“; „Осврт кон правилникот за определување на награда на стечајниот управник“, во рамки на нивна континуирана едукација,во организација на Здружение за стечај.Учество и како модератор на Регионална меѓународна конференција за стечај. Повеќе трудови од областа на стечајно право - објавени во Судиска ревија, списанието „Правник“, „Деловно право“, списание „Акционер“, водич за стечај. Активно познавање на вербален и пишан Англиски јазик.
tatjana.susuleska@asbitola.mk
Судија Виолета Костовска
Судија Виолета Костовска
Образование:
Студирала на Правен факултет во Битола од 1978 година, каде и дипломирала на 02.10.1982 година.Правосудниот испит го положила во Скопје на 27.04.1987 година.
Работно искуство:
Вработена во Окружен суд Битола од 1985 година, до Ноември месец 1987 година, како судски приправник. Од Ноември 1987 година до 1 - ви Јули 1996 година како стручен соработник.За судија на Основен суд Битола е избрана на 01.Јули 1996 година, и работеше исклучиво на предмети од Граѓанска материја,. За судија во Апелациониот суд Битола е избрана на 13.09. 2010 година.
violeta.kostovska@asbitola.mk
Судија Ристе Ристевски
Судија Ристе Ристевски
Образование:
Студирал на Правниот факултет во Битола, каде и дипломирал во 1986 година. Правосудниот испит го положил во 1992 година.
Работно искуство:
Во 1989 година се вработил како Приправник во Окружен стопански суд Битола, а по полагањето на правосудниот испит во 1992 година добил звање Стручен соработник. Со реформите во правосудството во 1996 година и укинувањето на Окружниот стопански суд Битола, преминал во работен однос во Апелациониот суд Битола. По донесувањето на Законот за државни службеници добил звање Советник. Целиот период работел на граѓанска материја. Во 2005 година избран е за Судија во Основен суд Битола, каде исто така работи на граѓанска материја. За Судија на Апелационен суд Битола е избран на ден 13.09.2010 година.
Објавени трудови и активности:
Учествувал на повеќе семинари и советувања, по однос на граѓанската материја, како и на советувања по повод измените на законот на парнична постапка.
riste.ristevski@asbitola.mk
Судија Никола Крстески
Судија Никола Крстески
Образование:
Роден на 08.03.1963 година во Крушево каде завршил основно и средно образование. Во 1986 година го завршува Правниот факултет во Битола. Правосудниот испит го положил во 1992 година,
Работно искуство:
Од 04.08.1987 до 16.05.1995 година работел во „Липа“ Крушево. Во периодот од 15.08.1995- 02.06.1999 работи како адвокат, додека во ЦСР работи од 03.06.1999-30.06.2004 г. Повторно како адвокат работи во периодот од 01.09.2004 до 25.08.2008 година. За судија во Основниот суд во Прилеп е избран на 27.08.2008 година. На 01.12.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Битола.
nikola.krsteski@asbitola.mk
Судија Зоран Караџовски
Судија Зоран Караџовски
Образование:
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 24.09.1992 година, а правосудниот испит го положил во 1999 година.
Работно искуство:
Од 1997 до 2008 година работи како советник во Вишо јавно обвинителство Битола, а во 2008 година избран е за судија на Основен суд Битола, каде работи до 2013 година како судија во кривичниот оддел. На 15.08.2013 година е избран за судија на Апелациониот суд Битола, каде ја обавува функцијата судија до 26.08.2014 година како судија во кривичниот оддел. На 26.08.2014 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија од редот на судиите од Апелационо подрачје Битола. Судиското место во Апелационен суд Битола му мирува се до престанокот на функцијата член на судскиот совет на Р. Македонија.
zoran.karadzovski@asbitola.mk
Судија Пакизер Алиоска
Судија Пакизер Алиоска
Образование:
Дипломирала на правен факултет во Скопје на 27.02.1992 год. а вравосудниот испит го положила во Скопје на 27.06.1996 година.
Работно искуство:
Волонтирала во ОЈО од 01.11.2000 година и работела како стручен соработник во ОС Ресен. Од 08.08.2002 година се вработува како виш соработник во подрачното одделение на Министерството за правда во Ресен, а од 2004-2007 година е раководител на одделението. Од 2007-2010 година работи како виш соработник во подрачната канцеларија - Ресен - Управа за водење на матични книги Скопје. На 06.06.2013 година е избрана за судија во Апелационен судија Битола каде работи во граѓанскиот оддел.
pakizer.alioska@asbitola.mk