За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Во Апелациониот суд Гостивар судската функција ја вршат Претседателот и 12 судии, од кои 5 судии за кривична област и 4 судии за граѓанска област и 3 судии за стопански предмети и работни односи.

       

Претседател

CV на Претседател

Судија  Претседател Беким Мехмеди

Име и презиме:
Претседател Беким Мехмеди
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

                            

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје, април 1998 година.

Правосуден испит положил во 2004 година во Скопје.

 

Работно искуство:

По дипломирањето од 1998 до 1999 година волонтирал во Основен суд Кичево и во адвокатска канцеларија. Од јули 1999 година е вработен во АД Македонски телеком  како правник и менаџер за долгови и судски застапувања.

Од јануари 2007 година работи како адвокат со седиште во Кичево, се до изборот за судија во Апелационен суд Гостивар во 2011 година.

Избран е за судија во Апелационен суд Гостивар во март 2011 година, каде согласно распоредот работи во областа на граѓанската материја.

Во периодот од 12.12.2011 до 11.07.2012 година е В.Д Претседател на Апелационен Суд Гостивар.

Согласно годишните распореди е назначен за Претседател на оддел за судска пракса и лице за односи со јавноста.

Има редовно и активно учество на семинари и обуки во земјата и странство, учество како судија едукатор во Академија за судии и јавни обвинители, како и редовно учество и организација на тркалезни маси во апелационите судови. Изработува судски билтени и други судски публикации во Апелационен суд Гостивар. Има солидно познавање на англиски јазик.

Со Одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-1893/1 од 09.12.2020 година е избран за Претседател на Апелациониот суд Гостивар.

Судиите

Судија Заменик претседател м-р Велко Страшевски

Судија Заменик претседател м-р Велко Страшевски

Име и презиме:
Заменик претседател м-р Велко Страшевски
Година на избор:
2007
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

  • Роден е на 14.04.1971 година
  • Брачна состојба: Оженет и татко на три деца

 

  • Дипломирал на Правен факултет - правосудна насока  на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” Скопје во 1995 година.
  • Положил правосуден испит на 20.10.1997 година.
  • Ги завршува постдипломските студии на 01.07.2015 година на Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип и се стекнува со назив  Магистер по правни науки – правосудна насока.

Работно искуство:

  • Во периодот од 01.04.1995 година до 20.10.1997 година е волонтер -  адвокатски приправник во канцеларијата на адвокатот Исеини Шазивар во Гостивар.
  • Во периодот од јануари 1998 година па до 31.05.2000 година е вработен во адвокатската канцеларија на адвокатот Исеини Шазивар како адвокатски стручен соработник.
  • Од 01.07.2000 година откако претходно се здобил со легитимација од Адвокатската комора на Р.Македонија и се запишал во именикот на адвокати, отворил адвокатска канцеларија во Гостивар, каде работел се до изборот за судија во Апелациониот суд Гостивар.
  • Претставник e во собранието на Адвокатската комора на Р.Македонија од АЗ Гостивар во периодот од 2004 до 2007 година.
  • Член e на комисијата за прослави и доделување на признанија при Адвокатската комора на Република Македонија во периодот од 2004 до 2007 година.
  • Со одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.07-1790/1 од 31.10.2007 година избран е за судија во Апелациониот суд Гостивар и работи во граѓанскиот оддел.
  • Заменик член на Комисијата за полагање на завршен испит во Академијата за обука на судии и јавни обвинители во три мандата.
  • Член e на Работното тело за стандардизација на употребата и унапредувањето на АКМИС односно Работното тело за стандардизација на постапките во судовите од неговото основање и претседател на Комисијата за граѓанска материја при работното тело во периодот од 2007 година до сега.
  • Член e на работното тело за проектот за Македонска судска пракса – проектот МАТРА.
  •  Со одлука на Претседателот на Апелациониот суд Гостивар од 2013 година е избран за Претседател на Граѓанскиот оддел при Апелациониот суд во Гостивар.
  • Предавач – едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители од 01 месец 2015 година до 31.12.2015 година.
  • Уредник при изготвувањето на првиот билтен на АС Гостивар во 2013 година и активен учесник при изготвувањето на вториот билтен на АС Гостивар.
  • Заменик на  Претседателот на Апелациониот суд Гостивар од ноември 2018 година.

Судија Абдулбари Рамадани

Судија Абдулбари Рамадани

Име и презиме:
Абдулбари Рамадани
Година на избор:
2007
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1996 година.

Правосуден испит положил во Скопје на 20.04.1999 година.

Работно искуство:

На 01.05.1999 година се вработил во Основниот суд Гостивар. До 01.08.2001 бил стручен соработник во Основното јавно обвинителство Гостивар. Од 01.08.2001 бил советник во ОЈО Гостивар.

На 05.12.2005 година бил избран за заменик јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Гостивар.

На 31.10.2007 со одлука за избор бр.07-1790/1 е избран за судија во Апелационен суд Гостивар и постапува по кривични предмети, претседател е на совет и претседател на кривичен оддел во Апелациониот суд Гостивар.

Судија Златко Анѓелкоски

Судија Златко Анѓелкоски

Име и презиме:
Златко Анѓелкоски
Година на избор:
2007
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на ден 01.09.1992 година.

Правосуден испит положил  во Скопје на ден 07.09.1994 година.

Работно искуство:

Од 23.12.1994 година извршува адвокатска дејност, се до 15.03.1999 година  кога се вработил во МВР на РМ, како Началник на ОВР Кичево, а од 11.04.2001 година е распореден како раководител во ОРО УБК Кичево.

Од 27.01.2003 година повторно започнал да извршува адвокатска дејност, се до 30.10.2007 год.

Со Одлука за избор на судии на Апелациониот суд во Гостивар, бр.07-1790/1 од 31.10.2007 година на Судскиот совет на Република Македонија (Сл. весник на РМ бр.134 од 06.11.2007 год.) е избран за судија на Апелациониот суд во Гостивар.

Има добри познавања на францускиот  јазик.

Судија Изет Исмаили

Судија Изет Исмаили

Име и презиме:
Изет Исмаили
Година на избор:
2007
Област на која работи судијата:
Стопанска област

Образование:

Роден е на 23.01.1963 година

  • Завршил средно училиште во гимназија ``Панче Попоски`` во Гостивар во 1982 г.
  • Дипломира на Правен факултет - правосудна насока на Универзитетот во Приштина на 06.04.1988 година.
  • Положил правосуден испит на 16.04.1992 година

Работно искуство:

  •  Од 15.09.1988 година работи како приправник во основно јавно обвинителство во Гостивар
  •  На 16.04.1992 година е распореден на работи и работни задачи како стручен соработник во основно јавно обвинителство Гостивар.
  • На 13.04.1998 година е именуван за заменик јавен правобранител на Република Македонија за подрачје Гостивар.
  • На 27.08.2002 година е реизбран како заменик јавен правобранител на Република Македонија, се до 2006 година.
  • Од 14.05.2007 година е запишан во именикот на адвокатите во Адвокатската Комора на Република Македонија како адвокат.
  • Со одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.07-1790/1 од 31.10.2007 година избран е за судија во Апелациониот суд Гостивар и работи во граѓанскиот оддел.
  • Заменик член на Комисијата за полагање на завршен испит во Академијата за обука на судии и јавни обвинители во еден мандат

 

 

 

Судија Рафис Идризи

Судија Рафис Идризи

Име и презиме:
Рафис Идризи
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Стопанска област

Образование:

 

Роден е на  07.12.1966

Брачна состојба: Оженет, татко на две полнолетни деца.

 

Средно училиште: УСО ,,Гостивар,, Гостивар

Факултет: Правен факултет, Приштина

Правосуден испит: Скопје 2003 година

Нотарски испит : Скопје 2004  година

Работно искуство:

Од 10.06.1992 година  работи во Министерство за внатрешни работи на работно место инспектор на ДБК за Гостивар. Потоа има функција началник на ДБК – одделение Гостивар  околу две години, а потоа е инспектор на СЈБ – одделение Гостивар  и началник на крим полиција во истото одделение. Со формирањето на Комисијата за прекршоци на МВР на РМ, од почеток на формирањето е член на совет на комисија за прекршоци за Гостивар.

На 06.02.2008 година е избран за судија во Основен суд Гостивар.

На 13.09.2010 година е избран за судија во Апелационен суд Гостивар 

 

Судија м-р Африм Јакупи

Судија м-р Африм Јакупи

Име и презиме:
м-р Африм Јакупи
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

 

Дата на раѓање: 10.12.1971 година

Националност: Албанец

Брачна состојба: оженет

 

        Дипломирал на Правниот факултет  во Скопје во 1997 година. Правосуден испит положил во 2000 година во Скопје. Во 2005 година има завршено Специјализација по јавно - управно право во ЕНА - Париз, Франција. Постдипломските студии  на Државниот Универзитет во Тетово ги завршил во 2014 година и се стекнува со стручен назив Магистер по правни науки - граѓанско право. На Универзитетот Американ колеџ  Скопје - Правен факултет од 2016 е докторант по граѓанско право.

Работно искуство:

Oд 1997-2000  година бил волонтер во Основниот суд Гостивар. Во текот на 2000 година до октомври истата година работел како адвокат.

Од октомври 2000 година до февруари 2005 година работи како секретар на Општина Гостивар и заменик претседател на статутарна комисија на Совет на Општина Гостивар.

Од 10.02.2005 до 12.04.2005 работи како раководител на секторот за правни, координативни, општи и јавни служби во Општина Гостивар.

Од август 2005 година до февруари 2008 година работи како стручен соработник во Основен суд Гостивар.

Од февруари 2008 година до декември 2012 година работи како судија во Основен суд Гостивар.

На 28.12.2012 со одлука на Судски Совет на Република Македонија е избран за судија  во Апелационен суд Гостивар.

Судија м-р Лилјана Ицкова

Судија м-р Лилјана Ицкова

Име и презиме:
м-р Лилјана Ицкова
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Стопанска област

Образование:

Родена е на ден 02.04.1963 година во Гостивар

 

Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје на ден 25.04.1986 година и се стекнува со стручен назив Дипломиран правник.

Правосудниот испит го положила на ден 10.06.1991 година и стекнува  Уверение под број 09-5/153 од Министерството за правосудство и управа Скопје.

Со Уверение за положени испити од втор циклус под бр.13-305/1 од 30.04.2017 година на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје се стекнува со стручен назив Магистер по правни науки.

Работно искуство:

       На ден 01.11.1986 година се вработува во Стручната служба на Собранието на општина Гостивар.

       Со одлука на Собранието на Република Македонија под број 07-2807/1 од 11.07.2002 година е избрана за судија во Основниот суд во Гостивар.

       Со одлука на Судскиот совет на Република Македонија  за избор на судии на Апелациониот суд Гостивар бр.08-1383/1 од 05.09.2016 година, е избрана за судија во Апелациониот суд Гостивар во граѓанска област.

Судија д-р Али Алиу

Судија д-р Али Алиу

Име и презиме:
д-р Али Алиу
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

            Роден е на 11.06.1983 година во Гостивар.

            Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во 2005 година, каде  ги завршил и магистерските студии во 2011 година.  

Правосудниот  испит го положил во Скопје, февруари 2008 година. 

На 15.12.2010 година ја завршува обуката при Академијата за обука на судии и јавни обвинители во Скопје.

             Во 2021 година се стекнува со титулата Доктор на правни науки при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје.

 

 

Работно искуство:

По завршувањето на факултетот во периодот од 2005-2006 година се вработува како Помлад асистент на Правниот факултет во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Во периодот од 2006-2008 година е вработен како стручен соработник во адвокатска канцеларија, додека пак во периодот од 2008-2009 година работи како самостоен Адвокат во приватна адвокатска канцеларија.

Во текот на 2009 година се запишува во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје која ја завршува во текот на декември 2010 година, а пак од февруари до декември 2010 година е ангажиран како приправник во Основен суд Тетово.

            На 01.02.2011 година е именуван за судија во Основен суд Гостивар, каде ја извршува оваа функција во областа на граѓанското право до 05.09.2016 година. Од 05.09.2016 година е именуван за судија во Апелационен суд Гостивар, каде што и моментално е ангажиран, исто така во областа на граѓанското право. 

Објавени трудови и активности:

Во рамките на докторските студии  објавил неколку научни трудови претежно од областа на граѓанското право, но и од областа на стопанското право во разни домашни и меѓународни списанија, меѓу кои во списанието „Правник„ издадено од страна на Здружението на правници на Република Македонија, во научното списание „Деловно право“, списанието на Универзитетот ААБ во Приштина – Р. Косово итн.

Има континуирана едукација како во земјата така и во странство, каде што има направено неколку истражувачки престои.  Посетувал меѓународни семинари и едукации во Вашингтон – САД; Хаг – Кралство Холандија; Бордо – Франција; Луксембург; Брисел – Белгија; Минхен – СР Германија итн. Во 2019 година е избран за предавач на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, а воедно е ангажиран како предавач во Здружението на правници на Република Македонија, Правниот факултет на ЈИЕ Тетово итн.

           Активно го познава англискиот и хрватскиот јазик

Судија Шефајет Хајдари

Судија Шефајет Хајдари

Име и презиме:
Шефајет Хајдари
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 27.11.1967 во с.Чајле Гостивар.

Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 29.09.1991 година.

Правосуден испит положил во Скопје на 16.06.1995 година.

 

Работно искуство:

Прво работно искуство во адвокатска канцеларија работи како адвокат.

На 29.10.2007 година е избран за судија во Управен суд Скопје.

На 30.04.2011 година е избран за судија во Виш Управен суд Скопје.

На 08.03.2012 година е избран за судија во Апелациониот суд во Гостивар, до 11.07.2012 година работи во граѓанскиот оддел.

Со одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.07-1155/1 од 12.07.2012 година е избран за Претседател на Апелациониот суд во Гостивар, а за втор мандат за  Претседател на судот е избран со Одлука бр.08-1206/1 од 13.07.2016 година.

 Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.02-1162/1 од 13.07.2020 година е избран за  вршител на должноста Претседател на Апелационен суд Гостивар која функција ја вршел до  29.12.2020 година.

Судија Александар Милошески

Судија Александар Милошески

Име и презиме:
Александар Милошески
Година на избор:
2023
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

  • 2010 година - Положен завршен испит на Академија за судии и јавни обвинители – трета генерација;
  • 2006  година - Положен правосуден испит;
  • 2004 година - Дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје.

 

Работно искуство:

 

  • 09.05.2023 година до денес – Судија во Апелационен суд Гоствар;
  • 07.02.2014 година до 08.05.2023 година - Судија во Основен Кривичен суд Скопје – Скопје;
  • 15.09.2009 година – 15.12.2010 година  - Учесник на почетната обука на Академија за обука судии и јавни обвинители – Скопје, генерација – 2009 / 2010 година -трета генерација;
  • 15.07.2008 година – 14.09.2009 година - Судски соработник во Апелационен суд Гостивар;
  • 21.12.2010 година - 06.02.2014 година  – Судски соработник во Апелационен суд Гостивар:
  • 01.03.2007 година  – 14.04.2008 година  – Самостојна Адвокатска канцеларија со седиште во Гостивар;
  • 03.09.2004 година – 01.10.2006 година - Волонтерска-практична  работа во Основен суд Гостивар.

 

Објавени трудови и активности:

  • Анализата на Законот за извршување на санкциите, објавена во 2023 година од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје;
  • Сертификат од посетена обука организирана од OPDAT - „Интернационална академија за спроведување на правото – ILEA“ – Будимпешта – Р. Унгарија, ноември 2023 година;
  • Сертификат за завршена обука на тема „Подобрување на пристапот за надоместокот на жртвите на трговија со луѓе – Финансиска истрага и наплата на  средства“, во рамките на Акцијата „Спречување и борба против трговијата со луѓе“, на Западен Балкан на Р. Турција, во соработка со Европската Унија и Советот на Европа, а со цел усогласување со стандардите на Советот  на Европа и Европската Унија, 03.04.2018 година;
  • Сертификат за завршена  обука на тема „Кривични истраги“, организирано од страна на Академијата за правда на Р. Турција во Анкара и Истамбул, спроведена од 05 до 11.04.2015 година;
  • Сертификат за завршена обука на тема: „Работилница за постапување и одлучување по предмети од областа на животната средина“, организирана од страна на  „Интернационална академија за спроведување на правото - ILEA“ – Будимпешта Р. Унгарија, Октомври 2011 година;
  • Сертификат за учество на обука на лица задолжени  за односите со јавноста во судовите „Односи со јавноста и медиумите“ - организирано од страна на USAID,  а во соработка со Македонскиот институт за медиуми, Ноември 2008 година.

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_