Јавен оглас 1/2023
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас 1/2023
Врз основа на членовите 20, 21, 25 и 26 од Закон за судска служба (“Службен весник на РМ”, бр. 43/14, бр. 33/15, бр. 98/15, бр. 6/16, бр. 198/18 и бр. 248/18), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/2018), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар Су.бр.0101-3/22 од 16.03.2022 година и согласноста од Министерство за финансии бр.18-3894/2 од 10.03.2023 година, Апелациониот суд Гостивар, објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
Број 1/2023
за вработување на 1 (еден) судски службеник на неопределено време
1. Судски референт- дактилограф;......................број на извршители – 1 (еден).
Шифрана работно место - СУД0101Г03001; Категорија Г, ниво Г3,
Посебни услови:
- да има завршено најмалку средно или више образование.
- да има најмалку 1 години работно искуство во струката.
- Нето плата: 22.080,00 денари.
Распоред на работно време:
- Работни денови: понеделник – петок;
- Работни часови: 40 часови;
- Работно време: 7:30 – 15:30 часот.
Кандидатите покрај доказите за исполнување на посебните услови предвидени во Правилникот за организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар, потребно е да ги исполнуваат и општите услови за вработување во судска служба предвидени во член 21 ст.1 од Законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.43/14) и тоа:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски),
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место согласно со член 2 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.198/2018).
Заинтересираните кандидати се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци, кон која ги приложат доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место на кое се пријавуваат, во оригинал или копија заверена на нотар:
- уверение за државјанство;
- уверение/диплома за завршен степен на образование (Сведителства од сите завршени години средно образование);
- лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место;
- уверение или потврда дека со правосилна судска одлука не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност;
- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- доказ за работно искуство (Извод од историјатот на вработувања, издаден од Агенцијата за вработување).
Кандидатите за судски службеник во постапката за вработување преку јавен оглас, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник – дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).
Кон пријавата, согласно чл. 26 ст.3 од Законот за судска служба, кандидатите можат да прикачат и:
- извод од историјатот на вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од агенција за вработување;
- препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува,
- потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;
- потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата,
- изјави или други документи од интерес за работното место;
Заинтересираните кандидати се должни да достават Пријава за вработување на судски службеник (образец објавен во Сл.в. на РМ бр.236/18), која може да се подигне и во приемната писарница на Апелациониот суд Гостивар, или пак истата да се превземе од web страната на Апелациониот суд Гостивар (www.asgostivar.mk)
Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.
Напомена: Времето и датумот за одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Апелациониот суд Гостивар (www.asgostivar.mk)
Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневните весници. Ненавремените, неуредните и нецелосно пополнетите пријави нема да се разгледуваат. Пополнетата пријава во писмена форма, кандидатите се должни да ја достават непосредно или по пошта на адреса:
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР,
Со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 1/2023,
Ул. “Живко Брајкоски”, број 1.
1230 Гостивар,
Постапката за селекција и вработување ќе биде спроведена согласно, Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.в. на РМ бр.236/18 од 24.12.2018).
Апелационен суд Гостивар
Резултати од рангирањето на универзитетите во РСМ
Пријава за вработување на судски службеник