Јавен оглас 6/2020
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас 6/2020
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР - GJYKATA E APELIT GOSTIVAR
Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар / тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk
СУ.бр.04-33/20 23.12.2020 ГОСТИВАР
Врз основа на член 22 ст.1 т.1 и чл.23 ст.1 од Законот за работните односи-пречистен текст (“Службен Весник на Р. Македонија“, бр.167/15 од 28.09.2015 година) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар и согласноста од Министерство за финансии бр. .18-8183/2 од 11.12.2020 година, Апелационен суд Гостивар објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
Број 6/2020
Апелациониот суд Гостивар има потреба од вработување на лице во судската служба на следното работно место:
Хигиеничар
Број на извршители .................. 2 (двa).
За пополнување на работното место, кандидатите треба да ги исполнува следните посебни услови:
- Завршено средно или основно образование,
- со или без работно искуство,
- нето плата: 14.934,oo денари,
Распоред на работно време:
- Работни часови 40,
- Дневното работно време е распоредено од 06:30 часот до 09:30 часот и од 15:00 часот до 20:00 часот.
- Работни денови понеделник – петок,
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- Да е државјанин на Република Македонија;
- Да е полнолетен;
- Да има општа здравствена состојба;
- Да не му е изречена казна со правосилна судска одлука за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Заинтересираните кандидати се должни да достават пријава за вработување и доказите за исполнување на општите и посебните услови да ги достават во оригинал или во фотокопија заверени на нотар, кон која ги приложуваат доказите:
- уверение за државјанство;
- лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место;
- потврда дека со правосилна судска одлука не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност;
Рокот за поднесување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот.
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена од денот на завршување на рокот за поднесување на пријавите.
Пријавата за вработување со приложени докази за исполнување на условите, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Апелациониот суд Гостивар или преку пошта, на следна адреса:
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР,
Со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 6/2020,
Ул. “Живко Брајкоски”, број 1.
1230 Гостивар
АПЕЛАЦИОНЕН СУД
ГОСТИВАР