Интерен оглас 1/2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас 1/2023

Новости  |  03.4.2023

 

Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар Су.бр.0101-3/22 од 16.03.2022 година и согласноста од Министерство за финансии бр.18-3894/2 од 10.03.2023 година.

 

АПЕЛАЦИОНЕН   СУД   ГОСТИВАР

објавува:

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

Број 1/2023

 

За унапредување на 10 судски службеници

за следниве работни места:

 

 

1. Раководител на кривичен оддел,

 

    Шифра на работно место СУД0101Б04001, Категорија „Б“ ниво „Б4“

    Број на извршители .............1 (еден).

 

Посебните услови за сите работни места:

            - Потребна стручна спрема – најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или VII/1,

              Правен факултет и положен правосуден испит.

            - Работно искуство – најмалку 4 (четри) години во струка.

            - Нето плата: 41.750,00 денари.

 

2. Раководител на граѓански оддел,

 

    Шифра на работно место СУД0101Б04001, Категорија „Б“ ниво „Б4“

    Број на извршители .............1 (еден).

 

Посебните услови за сите работни места:

            - Потребна стручна спрема – најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или VII/1,

              Правен факултет и положен правосуден испит.

            - Работно искуство – најмалку 4 (четри) години во струка.

            - Нето плата: 41.750,00 денари

 

3. Раководител на судско  одделение – за односи со јавноста и аналитика,

 

      Шифра на работно место СУД0101Б04002, Категорија „Б“ ниво „Б4“

      Број на извршители .............1 (еден).

 

Посебните услови за сите работни места:

            - Потребна стручна спрема – најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или VII/1,

              Правен факултет и положен правосуден испит.

            - Работно искуство – најмалку 4 (четри) години во струка.

            -  Нето плата: 37.940,00 денари.

 

 

 

 

 

4. Раководител на одделение –  за човечки ресурси,

 

      Шифра на работно место СУД0101Б04004, Категорија „Б“ ниво „Б4“

      Број на извршители .............1 (еден).

 

Посебните услови за сите работни места:

            - Потребна стручна спрема – најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или VII/1,

              Правен факултет и положен правосуден испит.

            - Работно искуство – најмалку 4 (четри) години во струка.

            - Нето плата: 37.940,00 денари.

 

5. Судски советник,

 

      Шифра на работно место СУД0101В01002, Категорија „В“ ниво „В1“

      Број на извршители .............3 (три).

 

Посебните услови за сите работни места:

            - Потребна стручна спрема – најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или VII/1,

              Правен факултет и положен правосуден испит.

            - Работно искуство – најмалку 3 (три) години во струка.

            -  Нето плата: 35.090,00 денари.

 

6. Советник  за јавни набавки,

 

      Шифра на работно место СУД0101В01003, Категорија „В“ ниво „В1“

      Број на извршители .............1 (еден).

 

Посебните услови за сите работни места:

            - Потребна стручна спрема – најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или VII/1,

              Правен факултет или Економски факултет.

            - Работно искуство – најмалку 3 (три) години во струка.

            - Нето плата: 35.090,00 денари.

 

7. Советник преведувач,

 

      Шифра на работно место СУД0101В01003, Категорија „В“ ниво „В1“

      Број на извршители .............2 (две).

 

Посебните услови за сите работни места:

            - Потребна стручна спрема – најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или VII/1,

              Филолошки факултет.

            - Работно искуство – најмалку 3 (три) години во струка.

            - Нето плата: 35.090,00 денари.

 

Распоред на работното време:

            - Работни денови: понеделник-петок

- Работни часови неделно: 40

- Работно време: од 07:30 до 15:30

 

За сите работни места - Посебни работни компетенции:

 

            - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).

 

                  - Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

 

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место потпишани за соодветното ниво наведени во овој оглас, како и:

 

- да е оценет со оценка „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,

- да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во која е работно место за кое е објавен инерниот оглас,

- да поминал најмалку две годин на работното место на кое е распореден и

- да не му е изречена дициплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

            Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

 

- уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено

- доказ за работно искуство

- сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено и

 - диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.

 

 Рокот за поднесување на пријавите е 5 (пет)  дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

 

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

 

 Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20).

                                                                                                                       

 

 

                                                                                                              Апелационен суд Гостивар

 

                Пријава за интерен оглас

                                                                                                                        

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_