Јавен оглас број 2/2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас број 2/2023

News  |  Dec 22, 2023

Врз основа на член 42, член 43 и член 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ бр.58/06, 62/06,  35/08, 150/10, 83/18, 198/18, и 96/19),   член 53 став 1 од Законот за судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.102/19), како и Одлуката на Судскиот совет на РМ бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година, Апелациониот суд Гостивар,  објавува: 

ЈАВЕН ОГЛАС број 2/2023

за избор на 20 судии - поротници

 

           1.  Апелациониот суд Гостивар на Судскиот совет на Република Македонија ќе му предложи кандидати за избор на 20 судии - поротници за време од четири години.

          2.  Кандидатите за избор на судија - поротник потребно е да ги исполнуваат условите предвидени со член 42 став 2 и 3 од Законот за судовите и тоа:

- за судија - поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија, со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

- за судија - поротник за судење на малолетни лица, кандидатите треба да имаат искуство во воспитанието и образованието на млади.

         3. Заинтересираните кандидати со пријавата потребно е да ги достават следните документи во оригинал или во фотокопија нотарски заверена:

            - Уверение за завршено образование најмалку средно образование,

- Уверение за државјанство,

- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за - вршење на професија, дејност или должност,

- Изјава (заверена на нотар) дека со судија или судија поротник во Апелациониот суд Гостивар или со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

        4. Рокот за поднесување на пријавите изнесува 20 дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

- Заинтересираните кандидати пријавата – молбата со назнака за Јавен оглас број 2/23 за избор на судии – поротници во прилог со потребните документи и контакт телефон можат да ја достават во писмена форма преку приемната писарница на судот или  по пошта на адреса: Ул.Живко Брајкоски, број 1. Гостивар, во рок од 20 дена од објавувањето на огласот.                                                                                                                                                                                                           

                                                                                АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР

 

Пријава за судии поротници

   


Decision search

Court
Case number
Date
_