Интерен оглас бр.1/2020
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Интерен оглас бр.1/2020
Република Северна Македонија
Republika e Maqedonisë së Veriut
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР
GJYKATA E APELIT GOSTIVAR
_______________________________________________________________
Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар / тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk
Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk
СУ.бр.04-15-1/20
01.12.2020 година
ГОСТИВАР
Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар СУ.БР. 0101 - 12/2019 од 15.11.2019 година и согласноста од Министерство за финансии бр.18-5987/2 од 01.12.2020 година,
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР
објавува:
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
Број 1/2020
За унапредување на 13 судски службеници
за следниве работни места:
1. Шифра на работно место СУД0101Б04001, Категорија Б, ниво Б4,
Раководител на одделение по информатика;
Број на извршители .............1 (еден).
Посебни услови:
- Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, факултет од соодветна област.
- Работно искуство – најмалку 4 (четри) години во струка.
- Нето плата: 31.068,oo денари.
2. Шифра на работно место СУД0101В01001, Категорија В, ниво В1,
Судски советник;
Број на извршители .............7 (седум).
Посебни услови:
- Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правен факултет и положен правосуден испит.
- Работно искуство – најмалку 3 (три) години во струка.
- Нето плата: 28.583,oo денари.
3. Шифра на работно место СУД0101В03001, Категорија В, ниво В3,
Судски соработник;
Број на извршители .............3 (три).
Посебни услови:
- Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правен факултет и положен правосуден испит.
- Работно искуство – најмалку 1 (една) годинa во струка.
- Нето плата: 25.675,oo денари.
4. Шифра на работно место СУД0101В03001, Категорија В, ниво В3,
Соработник - преведувач, толкувач.;
Број на извршители .............2 (два).
Посебни услови:
- Стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, филолошки факултет.
- Работно искуство – најмалку 1 (една) годинa во струка.
- Нето плата: 25.675,oo денари.
За сите работни места - Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:
− уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено
− доказ за работно искуство - сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено и
− диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено.
Распоред на работното време:
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: од 07:30 до 15:30
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.
Рокот за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.
Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.
Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20).
Апелационен суд Гостивар
Пријава за кариерно унапредување