ОБЈАВА за продажба на движнa ствар – патничко моторно возило [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОБЈАВА за продажба на движнa ствар – патничко моторно возило

Новости, Соопштенија за јавност  |  22.4.2021

 

Врз основа на член 46, 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15. 190/16 и 21/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19  и 275/19), Одлуката за продажба на движна ствар – патничко моторно возило сопственост на Република Северна Македонија - корисник  Апелационен суд Гостивар, донесена од Владата на Република Северна Македонија, бр.40-2792/1 од 30.03.202021 година, а објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.73/21 од 02.04.2021 година), Апелационен суд Гостивар, објавува:

ОБЈАВА бр.1/2021

За продажба на движнa ствар – патничко моторно возило по пат на електронско јавно наддавање (Прва објава)

 

1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба е патничко моторно возило и тоа:

Податоци за возилото

Проценета почетна цена

Банкарска гаранција

Минимален чекор

Час / почеток

Марка 

Опел

 

 

 

 

7.968,оо

денари

 

 

 

 

159,оо денари

 

 

 

 

Без ограничување

 

 

 

 

10:00 часот

Тип на возилото

Астра GL 1.7 TD

Регистрација

 GV-624-BP

Година на производство

1999

Број на шасија

WOLTGF69x5207122

Број на мотор

X17DTL1488131

Сила на Матор

50 KW

Работна зафатина на мотор

1700 см³

Боја на каросерија

Сива/7ф

-  Цената за продажба на моторното возило е утврдена согласно Проценката изработена од Друштво за процени и вештачења ,„ВИЗИЈА-Т ДООЕЛ“ Скопје.

-  Движна ствар - патничко моторно возило предмет на електронската аукција не е во исправна возна состојба, амортизиран и нерегистрирана.

- Увид на патничкото моторно возило може да се изврши секој работен ден од 12:30 до 14:30 часот, на паркинг просторот во Полициското Одделеније за БПС – Гостивар.

Контакт лице: Седула Мемеди тел.070-314-531.

 

2. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 07.05.2021 година (Петок) со почеток од 10:00 часот.

Електронското јавно наддавање ќе се одржи на следната интернет страница    www.e-aukcii.finance.gov.mk.

 

3. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите домашни и странски правни и физички лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на движни ствари на територијата на Република Северна Македонија согласно закон.

 

4. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Учесниците на јавното наддавање се должни по електронски пат да достават:

- Пријава за учество и

- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на возилото за кое се учествува во јавното наддавање;

 

5. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните правни и физички лица, пријавата за учество на јавно наддавање ја поднесуваат електронски на интернет страница:   www.e-aukcii.finance.gov.mk

Пријавата на ушество на јавното наддавање треба да ги содржи сите податоци кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање, е задолжително:                                                   

- Генералии за истиот (полн назив, точна адреса и тел. контакт)           

- е-маил адреса на поднесувачот на пријавата.

Во прилог кон пријавата поднесителите треба да поднесат и:

 а) за правни лица     

- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија , односно соодветен документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект,        

 б) за физички лица                                                                                                                                                   

- Копија од лична карта или патна исправа

И за физички и за правни лица поднесителите треба да достават и:  

-  Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност, до истекот на рокот за пријавување, се поднесува и електронски и во оригинал до “Комисијата за спроведување на постапки за продажба на недвижни и движни ствари” на адреса – Апелационен суд суд Гостивар ул. „Живко Брајковски“ бр.1 Гостивар.

 

6. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рокот за поднесување на пријава за учество на јавното наддавање е 12 дена од денот на објавување на објавата, заклучно со 04.05.2021 година (Вторник). 

Комисијата на поднесителите кои уредно се пријавиле во системот за електронско јавно надавање, во рок од три дена по истекот на времетраењето на објавата , ќе им достави корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, (појаснување: ова го крерира автоматски системот и го праќа).

 

7. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање им/му се враќа на подносителот/подносителите на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

 

8. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

-  За да се одржи  јавното наддавање, потребно е да има најмалку еден учесник.                                             

- За најповолен понудувач на јавното наддавање се смета учесникот кој понудил последна цена, која претставува највисока цена за продажба на  движната ствар.                                                                                       

-  Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор, да уплати средства согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранцијза за сериозност на понудат ќе биде активирана и понудувачот во период од 1 година нема да може да учествува  на секое идно јавно наддавање за предметната движна ствар.  

-  Носителот на правото на сопственост со најповолниот понудувач, ќе склучи договор за купопродажба во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на движните ствари.                                                                                          

Данокот на промет и нотарските трошоци за солемнизација на договорот за купопродажба на  движните ствари ќе ги сноси  купувачот - најповолниот понудувач.                                                                                                

-   Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот. Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

9. ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НА КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на следната интернет страница:  е-aukcii.finance.gov.mk

 

                                                    

                                                                                          Комисија за недвижни и движни ствари на

                                                                                                      Апелационен суд Гостивар

 

Изјава за прифаќање на условите од објавата бр.1/2021

Пријава за учество на јавното наддавање

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_