Јавен оглас 2/2020 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 2/2020

Новости  |  07.10.2020

 

 

Република Северна Македонија

Republika e Maqedonisë së Veriut

 

АПЕЛАЦИОНЕН   СУД   ГОСТИВАР

GJYKATA   E   APELIT   GOSTIVAR

                               _______________________________________________________________                                                                 Ул.Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар /тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

 

 СУ.бр.04-10-2/20

06.10.2020 година

      ГОСТИВАР

 

Врз основа на членовите 20, 21, 24 став 1, 25 и 26 од Закон за судска служба ( Службен весник на РМ, бр. 43/14, бр. 33/15, бр. 98/15, бр. 6/16, бр. 198/18 и бр. 248/18 ), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас ( Службен весник на РМ, бр. 236/18 од 24.12.2018 година ) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар СУ.БР. 0101 - 09/2019 од 11.01.2019 година и согласноста од Министерство за финансии бр.18-5665/2 од 29.09.2020 година, Апелациониот суд Гостивар  на ден 07.10.2020 година, објавува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

Број 2/2020

 

За вработување на неопределено време

на следното работно место

 

1. Шифра на работно место СУД0101В04001, Категорија В, ниво В4,

Помлад судски соработник;

Број на извршители .............1(еден).

 

За пополнување на работното место, кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови:

 

             - Стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен          факултет.

            - со или без работно искуство.

 

         Нето плата: 24.247,oo денари

Работни часови 40;

Работно време од 7,30 до 15,30 часот.

Работни денови понеделник – петок;

 

            Посебни работни компетенции: Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

 Покрај посебните услови за вработување, согласно член 21 став 1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови за вработување:

 

-  да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место  и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

 

Кандидатите пријавата за вработување на судски слушбеницк и базата на прашања за полагање на посебниот испит можат да ги снимат од веб-страна на Апелационен суд Гостивар www.sud.mk/wps/portal/asgostivar

 

 По овој оглас кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци, кон која ги приложуваат доказите утврдени во чл. 26 ст. 1 и 2 од Законот за судска служба:

 

- уверение за државјанство;

- уверение/диплома за завршен степен на образование;

- лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место;

- потврда дека со правосилна судска одлука не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност;

Диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

         - Диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски);

 

Кон пријавата, согласно чл. 26 ст.3 од Законот за судска служба, кандидатите можат да прикачат и:

                                    

- извод од историјатот на вработување, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од Агенција за вработување;

- препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кои го препорачува;

- потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;

- потврда за волонтерски стаж, издадени од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, потпишана од раководното лице на институцијата;

- изјави или други документи од интерес за работното место.

 

 Пријавата  за вработување со приложени докази за исполнување на условите во оригинал или заверени копија на нотар, се доставуваат во писмена форма преку Архивата на Апелациониот суд Гостивар или преку пошта, на следна адреса:

 

АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР,

 

Со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 2/2020,

Ул.Живко Брајкоски, број 1. Гостивар,

 

Кандидатот кој внел лажни податоци во Пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.

 

Времето и датумот за одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Апелациониот суд Гостивар www.sud.mk/wps/portal/asgostivar

        

           ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

           РЕЗУЛТАТИ ОД РАНГИРАЊЕТО НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО РСМ

           ПРАШАЊА ОД ОБЛАСТ НА:                                                                                  

           СУДСКИ ДЕЛОВНИК

           ЗАКОН ЗА СУДОВИ

           ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

           ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

           ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА

           АНГЛИСКИ ЈАЗИК - СРЕДНО НИВО

           ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК - СРЕДНО НИВО

           ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК - СРЕДНО НИВО

 

                                                                                                         АПЕЛАЦИОНЕН СУД

                                                                                                                                              ГОСТИВАР

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_