Оглас за избор на судии - поротници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за избор на судии - поротници

Новости  |  23.1.2020

                          GRB bez petograk   

     РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

          АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР

                       СУ.БР.04-2/2020    

                        22.01.2020 година

                             ГОСТИВАР

 

 

Врз основа на членовите 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006, 35/2008, 150/10, 83/18 и 198/18), во врска со Одлуката донесена од страна на Судскиот совет на РМ бр.07-1986/1 од 15.11.2013 година, денес на ден 22.01.2020 год,

 

Апелациониот суд Гостивар

 

објавува:

 

        О Г Л А С

        Број 1/2020

 

       За избор на судии-поротници

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија, под услови и во постапка определенa со Закон ќе врши избор на 12 судски поротници за Апелационен суд Гостивар.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени со одредбата на член 42 и 43 од Законот за судовите, и тоа:

 

- да се полнолетни државјанин на Република Северна Македонија,

- да има  завршено најмалку средно образование,

- активно го владее македонскиот јазик,

- да не е постар од 60 години,

-да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник,

-да поседува интегритет и социјални способности за вршење на  функцијата судија-поротник

 

За судење на малолетници се избира кандидат од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите.

 

За судија или судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

Кон пријавата да се приложат, во оригинал или копии заверени на нотар:

 

-уверение за државјанство;

-доказ за завршено средно образование;

-извод на родени;

- изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија-поротник во Апелационен суд Гостивар и со член на Судскиот совет на Република Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

 

Документите да се достават до Апелационен суд Гостивар, Ул.Живко Брајкоски, број 1. Гостивар, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

 

                                                         ПРЕТСЕДАТЕЛ НА

     АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР

                                                                                                                           ШЕФАЈЕТ ХАЈДАРИ

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_