ОПЕРАТИВЕН ПЛАН [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН

Новости  |  20.3.2020

GRB bez petograk

Република Северна Македонија

Republika e Maqedonisë së veriut

 

АПЕЛАЦИОНЕН   СУД   ГОСТИВАР

GJYKATA   E   APELIT   GOSTIVAR

              Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар / тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

 

 

     СУ.бр.70/20

20.03.2020 година

        Гостивар

 

Врз основа на Одлуката за прогласување на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија, како и Одлуката за постапување на судовите во услови на зголемана опасност од вирусот КОВИД-19, а заради обезбедување на функционалност во работењето на Апелациониот суд Гостивар и непречено постапување по итните и неодложни предмети, Претседателот на Апелациониот суд Гостивар, Шефајет Хајдари, денес на ден 20.03.2020 година, донесе ОПЕРАТИВЕН ПЛАН за работа на судиите и судската администрација за постапување во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19:

 

 

 

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН

 

за работа на судиите и судската администрација за постапување во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19

 

  • За време на траењето на вонредната состојба и состојбата на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, судиите и судската администарција се должни да ги превземат и задолжително да ги почитуваат сите мерки на претпазливост како би се намалил ризикот од инфекција со вирусот КОВИД-19 на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

 

  • Сите вработени во судот и тоа судиии, судска администарција и останатите судски службеници се должни задолжително пред влегување во судот да ги поминат сите безбедносни здраствени мерки, што подразбира задолжителна дезинфекција на рацете и задолжителна употреба/носење на маски и рааквици особено кога се во непосреден контакт со странки или со други вработени поради самата работа. За извршување на работните задачи за вработените од страна на судот се обезбедени заштитни ракавици и заштитини маски.

 

  • При влегувањето во Апелациониот суд Гостивар, странките и другите учесници во постапката, се должни да ги поминат сите здравствени мерки.

 

  • Да се контролира влегувањето во Апелациониот суд Гостивар, а со тоа би се намалил ризикот од инфекција.

 

  •  Се забранува влез на сите лица кои не ги поминале или одбиват да ги поминат сите безбедносни здраствени

 

  •  За време на траењето на вонредната состојба и состојбата на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, не се врши прием на странки.

 

  •  За време на траењето на вонредната состојба и состојбата на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, се воведува посебен режим на работно време и ангажирање на вработените, од 7,30 часот до 14,оо часот за што се изготвува посебен неделен распоред за работно ангажирање на судиите и судската администарција и односно судската служба.

 

  •  За време на траењето на вонредната состојба и состојбата на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, преку судскиот портал и web страната на судот, како и со писмените соопштенија им се укажува на странките дека за потребно е сите поднесоци да ги доставуваат електронски, доколку за тоа имаат технички услови. Поради тоа, им се укажува на странките да го следат судскиот портал и web страната на судот.

 

  • За време на траењето на вонредната состојба и состојбата на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, сите вработени кои имаат деца до 10 годишна возраст имаат право на платено отсуство од работа поради неопходна домашна грижа на своето дете, согласно заклучоците, мерките и препораките усвоени од страна на Владата на РСМ.

 

  • Судиите во Апелациониот суд Гостивар да постапуваат по Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или према кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката.

 

  • Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во Република Северна Македонија.

 

  • Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривичното гонење.

 

  • Кривични предмети за кривични дела : “Пренесување заразна болест“- по чл.205 од КЗ, “Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по чл.206 од КЗ, “Неукажување медицинска помош“ по чл.298 од КЗ, “Спречување службено лице во вршење службено    дејство“ по чл.382 од КЗ, “Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ по чл.383 од КЗ, и “Организирање отпор“ по чл.387 од КЗ.

 

  • Прекршочни предмети од итна природа.

 

  • Предмети за примена на времени мерки.

 

  • Предмети во кои постапката е во фаза на донесување одлука.

 

  • Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок.

 

  • Предмети кои по сила на законот се итни.

 

  • Да се врши прием на поднесоци и да се извршуваат други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

 

  •  Судиите во Апелациониот суд Гостивар да постапуваат и по предмети по кои се одлучува на нејавна седница.

 

  • Сите врботени се должни без оглед на начинот за извршување за своите работни обврски, да бидат достапни на своите службени мобилни телефони.

 

  • Оперативниот план може да бииде ревидиран во секој момент во зависност од заклучоците, одлуките и препораките на Владата на Република Северна Македонија.

 

 

Закажаните расправи по предметите кои не се итни да се одржуваат доколку се исполнети законките услови и доколку Претседателот на судот и судиите проценат дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката под строги контроли во поглед на здравјето на луѓето.

          

Наредбата влегува во сила од денот на нејзиното донесување.

 

 

                                                                                                                   Претседател на

                                                                               Апелационен суд Гостивар

                                                                                                                                     Шефајет Хајдари

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_