ЈАВЕН ПОВИК
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ПОВИК
Република Северна Македонија
Republika e Maqedonisë së veriut
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР
GJYKATA E APELIT GOSTIVAR
_________________________________________________________________________
Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар / тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk
Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk
СУ.бр.05-46-9/21
06.04.2021 година
ГОСТИВАР
ЈАВЕН ПОВИК
Aпелационен суд Гостивар, врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 275/19), и Одлуката бр.40-2792/2 од 30.03.202021 година објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.73/21 од 02.04.2021 година), Владата на Република Северна Македонија, даде согласност на Aпелациониот суд Гостивар за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари - опрема, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на Aпелационен суд Гостивар.
Избраното правно лице има обврска да изврши превземање на движните ствари, предмет на јавниот повик, и истите да ги селектира и транспортира како отпад на соодветен начин, согласно Законските одредби.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган и кои ќе ги превземат инструкциите за јавен повик во кои се содржани пријавата и 2-те изјави, електронски од ВЕБ страната – www.sud.mk/wps/portal/asgostivar во делот најнови вести, јавен повик или во хартиена форма од архивата на Апелационен суд Гостивар, Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар.
Заинтересираните правни лица, заедно со понудата потребно е да достават:
- Дозвола за собирање и транспорт на отпад.
Понудите, заедно со комплетната документација може да се достават преку архива на судот или по пошта на адресата: Апелационен суд Гостивар, Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар, со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари.
Краен рок за доставување на пријавите е 19.04.2021 година до 15:00 часот.
По изминувањето на рокот за поднесување понуди, јавното отворање на пристигнатите пријави ќе се одржи на 22.04.2021 година во 12:00 часот.
Комисија за недвижни и движни ствари на Aпелационен суд Гостивар ќе изврши избор на најповолна понуда.
Движните ствари се наоѓаат во просторијата на Апелациониот суд Гостивар во 3 - кат, Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар.
Комисија за недвижни и движни ствари на
Апелационен суд Гостивар