ЈАВЕН ПОВИК [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ПОВИК

Новости, Соопштенија за јавност  |  06.4.2021

 

Република Северна Македонија

Republika e Maqedonisë së veriut

 

АПЕЛАЦИОНЕН   СУД   ГОСТИВАР

GJYKATA   E   APELIT   GOSTIVAR

_________________________________________________________________________     

    Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар / тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

 

 

 СУ.бр.05-46-9/21

06.04.2021 година

      ГОСТИВАР   

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

            Aпелационен суд Гостивар, врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 275/19), и Одлуката бр.40-2792/2 од 30.03.202021 година објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.73/21 од 02.04.2021 година), Владата на Република Северна Македонија, даде согласност на Aпелациониот суд Гостивар за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари - опрема, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на Aпелационен суд Гостивар.

Избраното правно лице има обврска да изврши превземање на движните ствари, предмет на јавниот повик, и истите да ги селектира и транспортира како отпад на соодветен начин, согласно  Законските одредби.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган и кои ќе ги превземат инструкциите за јавен повик во кои се содржани пријавата и 2-те изјави, електронски од ВЕБ страната – www.sud.mk/wps/portal/asgostivar  во делот најнови вести, јавен повик или во хартиена форма од архивата на Апелационен суд Гостивар, Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар.

Заинтересираните правни лица, заедно со понудата потребно е да достават:

 

- Дозвола за собирање и транспорт на отпад.

 

Понудите, заедно со комплетната документација може да се достават преку архива на судот или по пошта на адресата: Апелационен суд Гостивар, Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар, со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари.

 

Краен рок за доставување на пријавите е 19.04.2021 година до 15:00 часот.

 

По изминувањето на рокот за поднесување понуди, јавното отворање на пристигнатите пријави ќе се одржи на 22.04.2021 година во 12:00 часот.

 

Комисија за недвижни и движни ствари на Aпелационен суд Гостивар ќе изврши избор на најповолна понуда.

Движните ствари се наоѓаат во просторијата на Апелациониот суд Гостивар во 3 - кат, Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар.

 

                                                                  Комисија за недвижни и движни ствари на

                                                                                 Апелационен суд Гостивар

 

 

Инструкции за јавен повик  

Пријава и изјави за јавен повик 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_