Јавен оглас 5/2020
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас 5/2020
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР - GJYKATA E APELIT GOSTIVAR _______________________________________________________________
Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар / тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk
СУ.бр.04-32/20 23.12.2020
ГОСТИВАР
Врз основа на член 21 ст.1, член 119 и член 120 од Законот за судска служба ( “Службен весник на РМ”, бр. 43/14, бр. 33/15, бр. 98/15, бр. 6/16, бр. 198/18 и бр. 248/18 ) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар и согласноста од Министерство за финансии бр. 18-8183/2 од 11.12.2020 година, Апелационен суд Гостивар објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С Број 5/2020
За вработување на неопределено време на следното работно место
1.Припадник на судска полиција
Категорија В, ниво В1,
Број на извршители..............2 (двa)
За пополнување на работното место, кандидатите треба да ги исполнува следните посебни услови:
- најмалку средно образование,
- со или без работно искуство,
- нето плата: 18.187,oo денари,
Распоред на работно време:
- Работни денови понеделник – петок;
- Работни часови 40,
- Работно време, прва смена од 6,30 до 14,30 часот и втора смена 14,30 до 22,30 часот.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и следните општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена состојба за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење
професија, дејност или должност;
Покрај општите услови за вработување на судски службеник утврдени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.119 од Законот за судска служба и Правилникот за организација и систематизација на работните места во Апелационен суд Гостивар :
- да не се постари од 25 години,
- да се физички и психички способни за вршење на работите на судската полиција,
- да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место,
- да поседуваат соодветни општи работни компетенции потребни за работното
место
Да поседуваат посебни работни компетенции за работното место:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалју 10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ; или Гете сертификат
- други услови утврдени со актот за систематизација на работните места
Пријавата за вработување со приложените докази за исполнување на условите во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Апелациониот суд Гостивар или преку пошта на адреса:
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР
Со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 5/2020, Ул. “Живко Брајкоски”, број 1. 1230 Гостивар
Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.
Согласно чл.120 ст.3 од Законот за судска служба, проверката на условите за вработување на припадник на судска полиција ја врши Министерството за правда на Република Северна Македонија, без да се нарушат критериумите за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
АПЕЛАЦИОНЕН СУД . ГОСТИВАР