Интерен оглас 1/2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас 1/2022

Новости  |  07.11.2022

   

Република Северна Македонија

Republika e Maqedonisë së Veriut

 

АПЕЛАЦИОНЕН   СУД   ГОСТИВАР

GJYKATA   E   APELIT   GOSTIVAR

 Ул. Живко Брајковски бр.1, 1230 Гостивар / тел: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

Rr. Zhivko Brajkovski nr.1, 1230 Gostivar / tel: 042-221-544 / info@asgostivar.mk

 

     СУ.бр/AGJ.nr.04-15-1/22

   07.11.2022 година/viti

      Гостивар/Gostivar

 

   Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар и согласноста од Министерство за финансии бр.18-7753/2 од 29.07.2022 година,

 

АПЕЛАЦИОНЕН   СУД   ГОСТИВАР

објавува:

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

Број 1/2022

 

За унапредување на 4 судски службеници

за следниве работни места:

 

1. Самостоен судски референт - водител на судска писарница,

    Шифра на работно место СУД0101Г01001, Категорија Г, ниво Г1,

    Број на извршители .............1 (еден).

 

 

2. Самостоен судски референт - водител на уписник,

    Шифра на работно место СУД0101Г01001, Категорија Г, ниво Г1,

    Број на извршители .............2 (две).

 

 

3. Самостоен судски референт – кординатор на дактило биро,

    Шифра на работно место СУД0101Г01001, Категорија Г, ниво Г1,

    Број на извршители .............1 (еден).

 

Посебните услови за сите работни места:

 

            - Потребна стручна спрема – најмалку више или средно образование.

 

            - Работно искуство – најмалку 3 (три) години во струка.

 

            -  Бруто плата: 32.700,00 денари.

 

 

 

Распоред на работното време:

 

            - Работни денови: понеделник-петок

- Работни часови неделно: 40

- Работно време: од 07:30 до 15:30

 

За сите работни места - Посебни работни компетенции:

 

            - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).

 

            - Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место потпишани за соодветното ниво наведени во овој оглас, како и:

- да е оценет со оценка „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,

- да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во која е работно место за кое е објавен инерниот оглас,

- да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

- да не му е изречена дициплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

            Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

 

- уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено

- доказ за работно искуство

- сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено и

 - диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата, кандидатите се должни преку приемната писарница да ја достават до Комисијата за селекција за унапредување.

 

 Рокот за поднесување на пријавите е 5 (пет)  дена сметано од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

 

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

 

 Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20).

                                                                                                                  

         П Р И Ј А В А                                                                            

 

                                                      Апелационен суд Гостивар

                                                                                                        

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_