Јавен оглас бр.3/2019 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.3/2019

Новости, Соопштенија за јавност  |  03.9.2019

Врз основа на членовите 20, 21, 24 став 1, 25 и 26 од Закон за судска служба ( Службен весник на РМ, бр. 43/14, бр. 33/15, бр. 98/15, бр. 6/16, бр. 198/18 и бр. 248/18 ), член 2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата за спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјурто како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапкта на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници ( Службен весник на РМ, бр. 236/18 од 24.12.2018 година ) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар СУ.БР. 0101 - 09/2019 од 11.01.2019 година, Апелациониот суд Гостивар денес на ден 02.09.2019 година, објавува:

                                                              Ј А В Е Н   О Г Л А С

Број 3/2019

За вработување на неопределено време

на следните работни места

1. Шифра на работно место СУД0101Г01001, Категорија Г, ниво Г1,

Самостоен судски референт;

Број на извршители .............1(еден).

2. Шифра на работно место СУД0101Г04001, Категорија Г, ниво Г4,

Помлад судски референт;

Број на извршители ............1(еден).

       Заинтересираните кандидати согласно член 21 став 1 од Законот за судска служба, треба да ги исполнуваат следните општи услови за пополнување на работните места самостоен судски референт и помлад судски референт, и тоа:

-  да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место; и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

 

А). Покрај општите услови за пополнување на работно место самостоен судски референт – 1/еден/ извршител од категорија Г, ниво Г1, заведен во точка 1 од јавниот оглас, согласно член 21 став 2, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:

- да има завршено најмалку средно или више образование.

- да има најмалку 3 години работно искуство во струката.

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија ( англиски, француски и германски ) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Б). Покрај општите услови за пополнување на работно место помлад судски референт – 1/еден/ извршител од категорија Г, ниво Г4, заведен во точка 2 од јавниот оглас, согласно член 21 став 2, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:

- да има завршено најмалку средно или више образование.

- со или без работно искуство.

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија ( англиски, француски и германски ), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Ц). По овој оглас кандидатите поднесуваат пополнета Пријава кон која ги приложуваат доказите утврдени во чл. 26 ст. 1 и 2 од Законот за судска служба:

- доказ за државјанство на Република Северна Македонија;

- уверение/диплома за завршен степен на образование;

- потврда за работа со компјутерски програми за канцелариско работење за работното место;

- лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место;

- потврда дека со правосилна судска одлука не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.

Кон пријавата, согласно чл. 26 ст.3 од Законот за судска служба, кандидатите можат да прикачат и:

- извод од историјатот на вработување, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од Агенција за вработување;

- препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кои го препорачува;

- потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;

- потврда за волонтерски стаж, издадени од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, потпишана од раководното лице на институцијата;

- изјави или други документи од интерес за работното место.

 

Д). Пријавата  за вработување со приложени докази за исполнување на условите во оригинал или заверени копија на нотар, се доставуваат во писмена форма преку Архивата на Апелациониот суд Гостивар или преку пошта, на следна адреса:

              АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР,

Со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 7/2019,

Ул.Живко Брајкоски, број 1. Гостивар,

 

Кандидатот кој внел лажни податоци во Пријавата се дисквалификува од натамошна постапка;

Распоред на работно време:

-Работни денови понеделник – петок;

-Работни часови 40;

-Работно време од 7,30 до 15,30 часот.

Основна плата за работно место под точка 1 : 18.238,оо денари;

Основна плата за работно место под точка 2 : 15.265,оо денари;

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15(петнаесет) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.

Времето и датумот за одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Апелациониот суд Гостивар.

20.08.2019 година

Гостивар                                                                                                     АПЕЛАЦИОНЕН СУД

                                                                                       ГОСТИВАР

Пријава за вработување на судски службеник

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_