Јавен оглас 2/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 2/2021

Новости  |  15.12.2021

                            

 

Врз основа на членовите 20, 21, 24 став 1, 25 и 26 од Закон за судска служба, (Службен весник на РМ, бр. 43/14, бр. 33/15, бр. 98/15, бр. 6/16, бр. 198/18 и бр. 248/18 ), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас ( Службен весник на РМ, бр. 236/18 од 24.12.2018 година), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар и согласноста од Министерство за финансии бр.18-10220/2 од 03.12.2021 година.

 

                                                              АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР

oбјавува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

Број 2/2021

 

За вработување на неопределено време

на следните работни места

 

 

1. Судски соработник;

    Шифра на работно место СУД0101В03001, Категорија В, ниво В3;

    Број на извршители .............2 (двa).

 

            Посебни услови:

 

   -   Најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,

       Правен факултет и  положен правосуден испит.

   -  Да има најмалку 1 (една) година работно искуство во струката.

               -  Нето плата: 25.700,00 денари.

 

2. Помлад референт – извршител на административно технички работи;

    Шифра на работно место СУД0101Г04001, Категорија Г, ниво Г4;

    Број на извршители ............1 (еден).

 

Посебни услови:

 

    -  Да има завршено најмалку више или средно образование.

   -  Со или без работно искуство во струката.

               -  Нето плата: 16.020,00 денари.

 

За сите работни места - распоред на работно време:

 

-  Работни денови понеделник – петок;

-  Работни часови 40;

-  Работно време од 7:30 до 15:30 часот.

 

Кандидатите покрај доказите за исполнување на посебните услови предвидени во Правилникот за организација и систематизација на работните места во Апелациониот суд Гостивар, потребно е да ги исполнуваат и општите услови за вработување во судска служба предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.43/14) и тоа:

-  да е државјанин на Република Северна Македонија;

-  активно да го користи македонскиот јазик;

-  да е полнолетен;

-  да има општа здравствена способност за работното место и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

 

Кандидатите покрај горенаведените услови, потребно е да ги исполнуваат и посебните работни компетенции:

 

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски),

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место согласно со член 2 од Закон за изменување и дополнување на законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.198/2018).

 

По овој оглас кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци, кон која ги приложуваат доказите утврдени во чл. 26 ст. 1 и 2 од Законот за судска служба:

 

- уверение за државјанство;

- уверение/диплома за завршен степен на образование;

- доказ за работно искуство во струка;

- лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место;

- потврда дека со правосилна судска одлука не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност;

- Диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

         - Диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски);

 

Кон пријавата, согласно чл. 26 ст.3 од Законот за судска служба, кандидатите можат да прикачат и:

-   извод од историјатот на вработувања, доколку кандидатот бил претходно    вработен, издаден од агенција за вработување;                                                                                            

-    препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува,                                                                                                                                         

-    потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;                                                                                 

-    потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата

 -    изјави или други документи од интерес за работното место;

 

Кандидатите пријавата за вработување на судски слушбеницк и базата на прашања и потребната стручна литература, е достапна на веб-страна на Апелациониот суд Гостивар (www.asgostivar.mk)

 

Ненавремените, неуредните и нецелосно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

 

 

 

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

 

Напомена: Времето и датумот за одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Апелациониот суд Гостивар (www.asgostivar.mk)

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15(петнаесет) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.

 

Пријавата за вработување со приложените докази за исполнување на условите во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Апелациониот суд Гостивар  или преку пошта   на  адреса:

 

АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР,

 

Со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 2/2021,

Ул.Живко Брајкоски, број 1.

1230 Гостивар,

 

 

            Постапката за селекција и вработување ќе биде спроведена согласно, Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.в. на РМ бр.236/18 од 24.12.2018)

 

          П Р А Ш А Њ А

          РЕЗУЛТАТИ ОД РАНГИРАЊЕТО НА УНИВЕРИЗТЕТИТЕ ВО РСМ

          ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИК ПРЕКУ ЈАВЕН ОГЛАС

 

 

 

                                                                                                                                                           

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_