За работно место Самостоен судски референт Категорија Г, ниво Г1 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

За работно место Самостоен судски референт Категорија Г, ниво Г1

Новости, Соопштенија за јавност  |  21.10.2019

                      GRB bez petograk

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР

                СУ.бр.04 – 7-16/2019

                  21.10.2019 година

                        ГОСТИВАР

 

СУДСКИОТ АДМИНИСТРАТОР НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ГОСТИВАР, врз основа на член 36 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.3/2019, за вработување на судски службеници на неопределено време за работно место Самостоен судски референт Категорија Г, ниво Г1 – 1 извршител, по доставениот Предлог на кандидат за вработување со утврдена Ранг-листа на Комисијата за вработување на судски службеници од 18.10.2019 година, на ден 21.10.2019 година, ја донесе следната :

 

                           О Д Л У К А                                                                                                                                       

 за избор за вработување

За работното место Самостоен судски референт Категорија Г, ниво Г1,  –         1 извршител, се избира кандидатот:

1.Антонио Антониевски со шифра бр.004.

Решение за вработување со избраниот кандидат ќе се донесе по правосилноста на оваа одлука.

О б р а з л о ж е н и е

Од страна на Апелациониот суд Гостивар во дневните весници ’’Нова Македонија’’ и ’’Лајм’’, како и на web-страна на судот  од 04.09.2019 година, објавен е Јавен оглас бр.3/2019 за вработување на судски службеници на неопределено време за работно место Самостоен судски референт Категорија Г, ниво Г1, –1 извршител.                     

 По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за избор на судски службеници, согласно Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, (Сл.Весник на РМ бр.236/18 од 24.12.2018 година), до Судскиот администратор на судот доставен е Предлог со утврдена Конечна Ранг-листа од 18.10.2019 година.                                                                                   

Со Ранг-листа за работно место Самостоен судски референт Категорија Г, ниво Г1, Комисијата за избор на судски службеници го предложи кандидатот Антонио Антониевски со освоени најмного бодови после спроведената постапка.                              

Судскиот администратор имајќи го во предвид Предлогот со утврдена конечна Ранг-листа од 18.10.2019 година, доставен од Комисијата за избор на судски службеници, истиот го прифати и одлучи за работно место Самостоен судски референт Категорија Г, ниво Г1, да биде избран кандидатот Антонио Антониевски од.Гостивар.  

Примерок од Одлуката да се достави до кандидатите и истата да се објави на web-страната на судот.

Поради горенаведеното следуваше да одлучи како во изреката на одлуката.

 

                                                                                                                                                                       . СУДСКИ  АДМИНИСТРАТОР                                                                   

   Ќани Абдули

 

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука кандидатите кои не се избрани имат право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето за извршен избор преку овој суд до Совет на судска служба.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_