За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Во Апелациониот суд Гостивар судската функција ја вршат Претседателот и 12 судии, од кои 4 судии за кривична област и 5 судии за граѓанска област и 3 судии за стопански предмети и работни односи.

       

Претседател

CV на Претседател

Судија  Претседател Беким Мехмеди

Име и презиме:
Претседател Беким Мехмеди
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

                            

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје, април 1998 година.

Правосуден испит положил во 2004 година во Скопје.

 

Работно искуство:

По дипломирањето од 1998 до 1999 година волонтирал во Основен суд Кичево и во адвокатска канцеларија. Од јули 1999 година е вработен во АД Македонски телеком  како правник и менаџер за долгови и судски застапувања.

Од јануари 2007 година работи како адвокат со седиште во Кичево, се до изборот за судија во Апелационен суд Гостивар во 2011 година.

Избран е за судија во Апелационен суд Гостивар во март 2011 година, каде согласно распоредот работи во областа на граѓанската материја.

Во периодот од 12.12.2011 до 11.07.2012 година е В.Д Претседател на Апелационен Суд Гостивар.

Согласно годишните распореди е назначен за Претседател на оддел за судска пракса и лице за односи со јавноста.

Има редовно и активно учество на семинари и обуки во земјата и странство, учество како судија едукатор во Академија за судии и јавни обвинители, како и редовно учество и организација на тркалезни маси во апелационите судови. Изработува судски билтени и други судски публикации во Апелационен суд Гостивар. Има солидно познавање на англиски јазик.

Со Одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-1893/1 од 09.12.2020 година е избран за Претседател на Апелациониот суд Гостивар.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_