Слободен пристап до информации
ActionsСлободен пристап до информации
Апелационен Суд Скопје, согласно член 8, член 9 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.101/19 од 22.05.2019), и Упатството за спроведување на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/20 од 11.03.2020), Апелационен Суд Скопје ја објавува следната
-
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Апелационен Суд Скопје ја сочинуваат следните групи на информации:
- Судска власт, историјат
- За Судот:
- Надлежност и организација,
- Календар за судења и Одлуки на Судот,
- Судска практика,
- Формулари и обрасци
- Планови и програми за работа,
- Статистики и извештаи за работењето на Судот,
- Јавни набавки,
- Соопштенија од работењето на Судот
- Контакт информации:
- за Судот,
- портпароли,
- канцеларија за односи со јавноста,
- заштита на укажувачи,
- слободен пристап до информации,
- контакт за лице со посебни потреби.
Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Апелационен суд Скопје со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во Канцеларијата за односи со јавност или да го преземат преку линкот прикажан подолу.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Апелационен Суд Скопје, Бул.“Крсте Мисирков“, бр.1 или на e-mail: spi@asskopje.mk.
Апелационен Суд Скопје согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Гордана Стојанова-раководител на оддел.
Преземање