СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС БР. 6/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС БР. 6/2021

Соопштенија за јавност  |  03.2.2022
Резултати од административна селекција

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

Јавен оглас бр.6/2021

За работно место 

категорија В, ниво В1 Советник-информатичар – 1 (еден) извршител

Апелациониот суд Скопје по јавен оглас број 6/2021 не прими ниту една Пријава за вработување на судски службеник преку јавен оглас за работното место од  категорија В, ниво В1Советник-информатичар.

Согласно, Апелациониот суд Скопје, по јавен оглас број 6/2021 објавен во дневните весници Слободен печат и Коха на ден 29.12.2021 година, констатира дека нема услови за административна селекција на кандидати, односно спроведување на постапка за селекција за вработување на работно место: Советник-информатичар, категорија В, ниво В1, реден број 1 од јавниот оглас-1 извршител.

Од таа причина не се изработуваат за објава следните прилози:

  • Листа на уредни и неуредни кандидати, која содржи шифра на секој неуреден кандидат и причини за неговата неуредност, шифра за секој уреден кандидат и освоени бодови од административната селекција;
  • Ранг листа со шифри на кандидатите кои ја поминале административната селекција со број на освоени бодови;
  • Листа со шифри на кандидати за кои постапката за селекција завршила и
  • Информација за денот и часот на одржување на втората фаза на селекција.

                                                          

ПРИЛОГ 1

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

Јавен оглас бр.6/2021

Листа на уредни и неуредни кандидати, која содржи шифра на секој неуреден кандидат и причини за неговата неуредност, шифра за секој уреден кандидат и освоени бодови од административната селекција

За работно место 

категорија В, ниво В4 Помлад судски соработник – 2 (два) извршители

            За работното место од категорија В, ниво В4, Помлад судски соработник се пријавија вкупно 6 (шест) кандидати  и тоа:

Шифра asskopje01 – неуреден кандидат – Причина за неуредноста е: Кандидатот  не приложил доказ за исполнување на општите и посебните услови на работното место на кое се пријавил. Приложена е Диплома за прв универзитетски циклус на 180 ЕКТС, но не и уверение за завршено соодветно образование на официјалниот службен јазик на кој се спроведува постапката за вработување.  

Шифра asskopje02 – Освоени бодови од административна селекција:  За образование: 18,912 бода; за работно искуство (реализиран волонтерски стаж): 0,25 бода; за работа со компјутери: 5 бода; Вкупно 24,162 бода;

Шифра asskopje03 – Освоени бодови од административна селекција:  За образование 15,553 бода; за работа со компјутери 5 бода; Вкупно 20,553 бода;

Шифра asskopje04 – Освоени бодови од административна селекција:  За образование: 19,92 бода; за работно искуство (реализиран волонтерски стаж): 0,25 бода; за работа со компјутери: 5 бода; Вкупно 25,17 бода;

Шифра asskopje05 – Освоени бодови од административна селекција:  За образование 14,74 бода; за работно искуство (за ова работно место не е пропишан законски минимум па уреден кандидат е и оној кој е и без работно искуство): /; за работа со компјутери 5 бода; Вкупно 19,74 бода.

Шифра asskopje06 – Освоени бодови од административна селекција:  За образование 11,295186 бода; за работно искуство (за ова работно место не е пропишан законски минимум па уреден кандидат е и оној кој е и без работно искуство): /; за работа со компјутери 5 бода; Вкупно 16,2952 бода

 

ПРИЛОГ 2

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

Јавен оглас бр.6/2021

РАНГ ЛИСТА

Со шифри на кандидатите кои ја поминале административната селекција со број на освоени бодови.

За работното место од категорија В, ниво В4, Помлад судски соработник:

- Шифра asskopje02 –Вкупно 24,162 бода;

Шифра asskopje03 –Вкупно 20,553 бода;

Шифра asskopje04 –Вкупно 25,17 бода;

Шифра asskopje05 –Вкупно 19,74 бода;

Шифра asskopje06 – Вкупно 16,2952 бода.

 

ПРИЛОГ 3

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

Јавен оглас бр.6/2021

ЛИСТА

Листа со шифри на кандидати за кои постапката за селекција завршила

За работното место од категорија В, ниво В4, Помлад судски соработник - 2 (два) извршители:

Шифра asskopje01

 

 

ПРИЛОГ 4

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

Јавен оглас бр.6/2021

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

За денот и часот за одржувањето на втората фаза на селекцијата

       Втората фаза на селекцијата – полагањето на испитот- стручен дел за сите кандидати кои ја поминале административната селекција за работно место од   категорија В, ниво В4, Помлад судски соработник ќе се одржи на ден 01.03.2022 година, вторник, во 9:00 часот во Апелациониот суд Скопје.

Прашањата за стручниот дел од испитот, за работно место од категорија В, ниво В4, Помлад судски соработник , ќе бидат од следните области:

  • Судски деловник
  • Закон за судови
  • Закон за судска служба
  • Законот за судски буџет
  • Законот за управување со движењето на предметите во судовите
  • Законот за кривична постапка
  • Законот за парнична постапка

        Базата на прашања за стручниот испит и за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски – средно ниво), се објавени на web страната на судот, во делот - Брзи линкови.

       Кандидатите кои ќе го положат стручниот дел од испитот за судски службеник, ќе продолжат со полагање на делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија, додека кандидатите кои нема да го положат стручниот дел од испитот за судски службеник, ќе се смета дека не го положиле испитот за судски службеник .

       Кандидатите кои ќе го положат стручниот дел од испитот и испитот за проверка на знаење на јазиците, ќе продолжат со интервју.

 

Комисија за селекција за вработување

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_