СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  23.12.2019

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ
23.12.2019 година
С К О П Ј Е

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


 

Апелациониот суд Скопје, преку својот потпарол судијата м-р Сафет Кадрии ги информираше медиумите дека до крајот на неделата ќе објави детално соопштение во врска со предметот познат во јавноста како „Титаник 2“.

Со оглед на големиот интерес на јавноста и бројните различни информации кои протекоа во текот на денешниот ден, Апелациониот суд Скопје го соопштува следното:

По одржана јавна седница на ден 04.11.2019 година, Апелациониот суд Скопје, донесе одлука со која ги уважи жалбите на обвинетите, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.

Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна. Во таа насока жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка.

Исто така, определените мерки на претпазливот изречени према обвинетите, судот одлучи да останат во сила.

Вака донесената одлука и причините за истата ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.


 

Апелационен суд Скопје


 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_