СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  14.11.2023

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник 2“, по одржана јавна седница на ден 15.09.2023 година, а по извршено советување и гласање на ден 29.09.2023 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т. од Т., Б.И. од Т., В.С. од К., С.С. од С.и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција.

Истовремено, под став II од изреката, по повод жалбите на обвинетиот С.М. од С.,а по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот спрема обвинетиот С.М. од С. , носејќи одлука со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 6 од ЗКП.

Вака донесената одлука е објавена во целост на веб страната на судот,a согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

 

Со почит,
Апелационен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_