Јавен оглас за вработување бр.2/2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување бр.2/2018

Njoftim për opinionin  |  5 Tet 2018

Врз основа на чл.2, чл.3 ст.2, чл.119 и чл.121 ст.1, 2 и 3 од Законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.43/14), како и чл. 51 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелационен суд Скопје и известувањето од Министерството за финансии бр.18-4866/2 од 08.05.2018 година

 

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2018

за вработување на 1 (едно) лице на работно место припадник на судска полиција на неопределено време

1. судски полицаец – 1 (еден) извршител

Посебни услови предвидени со чл.119 од Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелационен суд Скопје:

 

- да не е постаро од 25 години

-да е физички и психички способен за вршење на работите од судската полиција

- да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место – најмалку средно обрзование

- да поседува општи и посебни работни компетенции потребни за работното место

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно BULATS или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку  310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат    

- со или без работно искуство

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелационен суд Скопје, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба:

- да е државјанин на Република Македонија,

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен,

- да има општа здравствена способност за работното место и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Работно време 40 часа неделно, сменско работење во турнус.

Основна нето плата 17.818,00 денари

Времетраење на работниот однос: неопределено

Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општините и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувачоште на кандидатот, е-меил адреса или контакт телефон.

 

Рокот за поднесување на молбите изнесува 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (несметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Молбата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во приемното одделение на судот, во работно време или по пошта на адреса:

 

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

Бул.Крсте Мисирков бр.1 Скопје

(со назнака за Јавен оглас број - 2/18)

 

Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.

 

 

 

 

 
   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_