С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Апелациониот суд Скопје по повод написите за постапување на Судот по предметот ТСЖ.бр.1554/21 ја информира јавноста за следното:
Апелациониот суд Скопје постапува согласно законот и Судскиот деловник, каде на јасен начин е регулиран начинот на заведување, предавање и постапување на судските предмети.
Согласно чл. 175 ст.2 од Судскиот деловник, предметите од итна природа веднаш се заведуваат и преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети веднаш се распределуваат на судиите.
Судијата известител согласно чл. 182 ст.1 од Судскиот деловник, постапува по предметите според редот на приемот, освен во итни или други оправдани случаи.
Во конкретниот случај, советот на овој Суд при одлучување по предметот ТСЖ.бр.1554/2021, кој е од итен карактер, постапил согласно член 182 ст.5 од Судскиот деловник, во кој е предвиден начинот на првенствено земање на овој вид предмети во работа.
АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ