ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СУДИИ ПОРОТНИЦИ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СУДИИ ПОРОТНИЦИ

Новости  |  15.2.2017

Врз основа на член 42, 43, 48 и 49 од Законот за судовите („Сл.в. на РМ“ број 58/06 и 35/08), член 19 и член 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Сл.в. на РМ“ број 150/10), како и член 46 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Сл.в. на РМ“ број 60/06, 150/10, 100/11, 20/15 и 61/15),

 

 

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

објавува

О Г Л А С

за избор на 50 судии-поротници

 

I. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следниве услови:

 

1. да е полнолетен државјанин на Република Македонија

2. да има завршено најмалку високо образование

3. активно да го владее македонскиот јазик

4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник

5. да не е постар од 64 години

6. да поседува интегритет и социјални способности за вршење на функцијата судија-поротник.

 

II. За судење на малолетници се избира кандидат од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите.

 

III. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.

 

IV. Кон пријавата да се приложат, во оригинал или копии заверени на нотар:

 

- уверение за државјанство на Република Македонија;

- уверение за завршено високо образование и

- изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија-поротник во Апелационен суд Скопје и со член на Судскиот совет на Република Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

Документите да се достават до Апелационен суд Скопје, бул. „Крсте Мисирков“ бр.1, Скопје во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

 

V. Кандидатите за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите од ст.I точка 1-5, ќе бидат упатени на полагање психолошки тест и тест за интегритет кои ќе ги спроведе Судскиот совет на Република Македонија. Трошоците за полагање ќе бидат на товар на кандидатот.

 

 

 

Апелационен суд Скопје

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_