СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  25.1.2024

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1083/22 во јавноста познат како „Тревник“, по повод жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одржа главна расправа на ден 23.01.2024 година, на која јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, во завршен збор го повлече  обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење на незаконско следење на комуникациите НСК-КО.бр.10/17 од 29.06.2017 година, преземено од ЈО на РСМ и заведено во ОЈО Скопје под КО.бр.2938/19 против обвинетите Д. П. Л., С.П. и З.П., за по едно кривично дело Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, по што Судот донесе пресуда со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 3 од ЗКП.

          Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

                                                    Апелационен суд Скопје

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_