Соопштение за оглас 1/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за оглас 1/2021

Новости  |  01.6.2021
Јавен оглас број 1/2021 - ИЗМЕНА

 

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

Јавен оглас број 1/2021

ИЗМЕНА

во делот на бодирање на прашањата од тестот за полагање на стручниот дел од испитот за работно место од категорија  В, ниво В-1 – Судски советник

 

 

Со Решение ССС бр.98/21 од 06.05.2021 година, Советот на судска служба констатира дека постапката за селекција за вработување на судски службеници по јавен оглас број 1/2021 на Апелациониот суд Скопје е спроведена согласно Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Службен весник на Република Македонија 236/2018).

 

Со истото Решение Советот ја усвојува Жалбата по Одлуката на Судскиот администратор на Апелациониот суд Скопје Су-07-31/21-20-4 од 26.04.2021 година за избор на судски службеник за работно место од категорија  В, ниво В-1 – Судски советник и предметот го враќа на повторно постапување во делот на бодирање на прашањата од тестот за полагање на стручниот дел од испитот. Советот на судската служба упатува на составување на нова ранг листа за работно место од категорија  В, ниво В-1 – Судски советник на начин што правилно ќе се утврдат освоените бодови од прашањето под број 30 од тестот на кандидатот со шифра asskopje26. Апелациониот суд Скопје констатираше техничка грешка при бодување на стручниот дел од испитот за судски службеник кај кандидатот со шифра asskopje26 и го додаде погрешно одземениот бод на кандидатот со шифра asskopje26 во стручниот делот од испитот. Комисијата ги нотираше следните измени низ документацијата од постапката:

 

Во делот на Резултати од испитот за судски службеник, ПРИЛОГ 1Листа на кандидати кои го полагале испитот, која ги содржи следните податоци: за секој кандидат кој го полагал испитот шифрата и освоените бодови од испитот и ПРИЛОГ 2 -Ранг листа со шифри на кандидатите кои продолжуваат на интевју, со бројот на освоени бодови од администратвната селекција и испитот, објавени на веб страната на Судот на ден 21. 04.2021 година, се менува содржината во делот на бодови од стручниот дел од испитот за судски службеник при што се брише бројот „24“ кај кандидатот со шифра asskopje26 и на негово место се впишува бројот „25“, па соодветно содржината на табелите гласи:

 

     2.Категорија  В - ниво В-1 – Судски советник

Шифра

Бодови од стручниот дел од испитот за судски службеник

Проверка на знаење на еден од трите користени јазици на ЕУ (англиски јазик)

Шифра asskopje24

25

14,5

Шифра asskopje25

23,5

15

Шифра asskopje26

25

15

 

 

 

Шифра

Бодови од административната селекција

Бодови од стручниот дел од испитот за судски службеник

Проверка на знаење на еден од трите користени јазици на ЕУ (англиски јазик)

Шифра asskopje24

20,812

25

14,5

Шифра asskopje25

25,223

23,5

15

Шифра asskopje26

21,382

25

15

 

Соодветно направената измена во делот на бодови од стручниот дел од испитот за судски службеник кај кандидатот со шифра asskopje26, а земајќи ги во предвид и бројот на бодови од спроведеното интервју, објавени на веб страната на Судот на ден 26.04.2021 година, се наметнува измена во делот: Конечна ранг –листа на кандидати со нивните шифри и вкупен број на освоени бодови од административната селекција, испитот и интервјуто, објавен на ден 26.04.2021 година на начин што во табелата за работното место судски советник, во делот за вкупен број на освоени бодови од административната селекција, испитот и интервјуто, за шифрата asskopje26, се брише бројот „77,712„ и се впишува бројот :„78,712“, па соодветно содржината на табелата, во овој дел, гласи:

 

 

Шифра

вкупен број на освоени бодови од административната селекција, испитот и интервјуто

2.Категорија  В - ниво В-1 – Судски советник

Шифра asskopje25

83,723

Шифра asskopje24

79,312

Шифра asskopje26

78,712

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_