СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  25.4.2023

На седница на судии на Апелациониот суд Скопје се разгледа и се дискутираше прашањето за постапувањето по сите видови предметите по кои судот постапува, вклучително и предметите од висок профил и од висок јавен интерес, со акцент на зголемување на ажурноста во постапувањето на истите, а притоа имајќи ја предвид моменталната состојба и  намалениот бројот на носители на судиска функција во судот.

Во оваа насока, на Седницата  беше заклучено дека по  сите  предмети, а посебно по предметите од висок јавен интерес да се постапува ефикасно и ажурно, во согласност со законите како и Судскиот деловник , почитувајќи го редот на приемот на предметите со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и прмена на законите и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил.

За подобрување на ажурното постапување и одлучување по предметите од јавен интерес  потребно е првенствено да се почитуваат внатрешните процедури  за управување со движењето на предметите во Судот,  Програмата  и Планот за спречување на корупција и судир на интереси и  воспоставените процедури по  ИСО стандардизацијата, како и Стратешкиот план на Судот.

Како е воочена потреба од допрецизирање на определени активности и мерки пред се во интерес на  ажурно и ефикасно постапување дополнително ќе се  донесат  внатрешни процедури како составен дел на веќе донесените, а во согласност со Законот за движење и управување со предметите во судовите.

Во моментот Апелациониот суд Скопје постапува со намален број носители на судиска функција и тоа 28 судии, од предвидените 52 судии.

Ажурното постапување по сите видови предмети вклучително и оние од висок јавен интерес, во голема мера зависи од пополнетоста на судиските места и само како напомена дека во Апелациониот суд Скопје во Кривичниот оддел на судот се распоредени 6 – шест судии кои постапуваат по овој вид предмети.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_