СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  22.7.2024

 

            Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 155/23, во јавноста познат како „Софтвер“, по одржана јавна седница на 04.07.2024 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 11.07.2024 година, донесе пресуда со која ја одби жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот ослободителен дел под став II од изреката.

            Воедно, со решение ги уважи жалбите на обвинетите Д.Р од С., И.Д. од К., И.Х.од С., Д.С. од С., И.И. од К.П., И.И. од К.П. и М.С. од К. И пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот осудителен дел под став I од изреката ја укина и предметот во тој дел го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, со која се побива првостепената пресуда во овој дел поради одлуката за кривичната санкција, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката.

За се останато што е во интерес на јавноста, а врзано за конкретниот предмет, Ве известуваме дека одлуката на Апелациониот суд Скопје КОКЖ- 155/23 во целост е објавена и достапна на веб-страницата на судот.

 

                                                             Апелационен суд Скопје                 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_