IN MEMORIAM
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
IN MEMORIAM
По долготрајно и тешко боледување на 19.04.2021 година почина нашиот колега судијата Нуман Лимани.
За судија на Апелационен суд Скопје избран е на 02.12.2013 г. со одлука за избор бр.07-2056/1 на Судскиот совет на Република Македонија (Сл.в. на РМ бр.172 од 11.12.2013 г.), каде постапуваше по предмети во граѓанскиот и одделот за трговски спорови.
Од 2006 до 2009 година работел како Државен секретар во Министерството за правда на Република Македонија а до 2013 година како Државен советник.
Од 1993 до 2006 година работел како Адвокат.
Во текот на својата професионална кариера претседавал и бил член на бројни комисии при донесување на суштински законски и подзаконски прописи.
Со заминувањето на судијата Нуман Лимани судиите и вработените на Апелациониот суд Скопје загубија драг колега и пријател.