СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Република Македонија
АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Апелациониот суд Скопје, во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“, по одржана јавна седница донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И. Т. од С. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С. Г. ДООЕЛ С..
По повод жалбите, а по службена должност Апелациониот суд Скопје ја преиначи првостепената одлука заради правилна примена на Кривичниот законик во делот на изречената споредна парична казна во однос на валутата во која истата е изречена.
Во останатиот дел првостепената пресуда по спроведената жалбена постапка, е потврдена.
АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ