СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
16.3.2020
Јавната седница закажана за ден 18,19 и 20 март по предметот познат во јавноста како „27 Април“ се одлага, во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, а како Апелациониот суд Скопје не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки.
Дополнително странките и јавноста ќе бидат известени за денот на одржување на седницата.
Апелационен суд Скопје