СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Новости
|
15.7.2024
Апелациониот суд Скопје ја информира јавноста дека Кривичен совет на судот, по одражана Јавна седница на 12.07. 2024 година, постапувајќи по жалба на осомничениот Н.Г. донесе решение со кое жалбата е делумно уважена.
Имено, решението на Основиот кривичен суд Скопје, се преиначува во делот кој се однесува на причините за продолжување на мерката притвор, со тоа што опстојува мерката притвор и понатаму, но само поради опасност од влијание врз сведоците во постапката.
Инаку, осомничениот Н.Г. се товари за сторено кривично дело од член 359 став 7 в.в со став 3 в.в со став 1 од Кривичниот законик Примање награда за притивзакониото влијание.
Апелационен суд Скопје