СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  10.3.2025

      Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-162/25, на нејавна седница одржана на ден 06.03.2025 година, ја уважи жалбата на обвинетиот В.Е од С.

   Решението на Основниот кривичен суд, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема обвинетиот В. Е. од С. со прифаќање гаранција во вкупен износ од 618.147 евра или во денарска противвредност од 38.016.040,50 денари. Истовремено спрема обвинетиот В. Е. од С, се определени мерки на претпазливост, согласно член 146 став 1 точка 2 и 3 од ЗКП.

     Вака донесената одлука со образложени причини за истата, објавена е во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

 

Апелационен суд Скопје            

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_