СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  16.3.2017

Апелациониот суд Скопје известува дека, по одржана јавна седница на ден 15.03.2017 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на ден 16.03.2017 година донесе решение КСЖ-135/17,  со кое жалбата на осомничениот С. К. од С., изјавена преку бранителот Адвокатско друштво Никола Додевски - адвокат Никола Додевски, е делумно уважена.

Решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје со кое против осомничениот е определена мерка притвор е потврдено по однос на околноста опасност од бегство согласно член 165 ст.1 т.1 од ЗКП. 

Истовремено советот одлучи дека останатите причини од член 165 ст.1 т.2 и 3 од ЗКП, поради кои била определена мерка притвор не се исполнети.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

 

Апелационен суд Скопје


 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_