Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  12.2.2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

            Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 39/19, во јавноста познат како „27-ми Април “, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик и на обвинетиот Оливер Радулов за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 в.в со член 24 од Кривичниот законик, на начин што првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело ја потврди.

            По однос на изречената кривична санкција, првостената пресуда  ја преиначи  на начин што:

            Обвинетиот Митко Чавков се осудува на казна затвор во траење од 16 години

            Обвинетиот Митко Пешов се осудува на казна затвор во траење од 13 години

            Обвинетиот Душко Лазаров се осудува на казна затвор во траење од 13 години

            Обвинетиот Горан Ѓошевски - Леви се осудува на казна затвор во траење од 13 години

            Обвинетиот Оливер Поповски се осудува на казна затвор во траење од 11 години

            Обвинетиот Оливер Радулов се осудува на казна затвор во траење од 9 години

            Обвинетиот Мунир Пепиќ се осудува на казна затвор во траење од 13 години

            Обвинетиот Абдуљифета Алими се осудува на казна затвор во траење од 6 години

            Обвинетиот Младен Додевски се осудува на казна затвор во траење од 11 години

            Обвинетиот Јане Ченто се осудува на казна затвор во траење од 13 години

            Обвинетиот Горанче Анѓеловски се осудува на казна затвор во траење од 11 години

            Обвинетиот Игор Југ се осудува на казна затвор во траење од 11 години

            Обвинетиот Влатко Трајковски се осудува на казна затвор во траење од 14 години

            Обвинетиот Вилијам Михајловски се осудува на казна затвор во траење од 13 години

            Обвинетиот Никола Митревски - Кољо се осудува на казна затвор во траење од 14 години

            Обвинетиот Александар Василевски Нинџа се осудува на казна затвор во траење од 7 години

           Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик , обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди.

            Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Апелационен суд Скопје

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_