Јавен оглас за вработување бр.1/2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување бр.1/2018

Соопштенија за јавност  |  19.4.2018

  

Врз основа на член 3 став 2 од Законот за судска служба (Службен весник на Република Македонија бр.43/14) и член 23 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија бр.167/15), како и член 57 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелационен суд Скопје и известувањето од Министерството за финансии бр.18-3325/2 од 20.03.2018 година

 

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2018
за вработување на 2 (две) лица на работно место хигиеничар на неопределено време

1. Хигиеничар – 2 (два) работника

Посебни услови:
- средно образование
- со или без работно искуство

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Апелационен суд Скопје, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба:

- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Неделно работно време 40 часа;
Дневно работно време 8 часа, од 12,00 часот до 20,00 часот;
Основна нето плата: 12 075,00 денари
Времетраење на работниот однос: неопределено

Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-меил адреса или контакт телефон.

Рокот за поднесување на молбите изнесува 7 (седум) работни дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (несметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Молбата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во приемното одделение на судот, во работно време или по пошта на адреса:

   

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ
Бул.Крсте Мисирков бр.1 Скопје
(со назнака за Јавен оглас број - 1/18)

Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.

 

  

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_