СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

News  |  Jan 26, 2024

       Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста, медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, информира дека постапувајќи по жалбите на осомничените А. Р и Б. Н двајцата од Скопје, во предметите КСЖ 63/24 и КСЖ.бр.59/24, донесе Решенија со кои жалбите на осомничените ги уважи, а решенијата на кривичниот совет на првостепениот суд ги преиначи, на начин што мерката куќен притвор ја укина, а ги остави во сила определените мерки на претпазливост, кои во овој момент претставуваат доволна гаранција за обезбедување на присуството на осомничените.

      Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети  како и наводите во изјавената  жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат.
 
       При одлучувањето овој суд ги имаше во предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство Скопје со кои се предлага да се уважат жалбите на осомничените.
 
 
 
Апелационен суд Скопје 

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_