СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  04.12.2019

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

04.12.2019 година

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Апелациониот суд Скопје на ден 04.12.2019 година, постапувајќи по жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски изјавена преку брнаителот адвокат Сашко Дукоски од Скопје, против решението на првостепениот суд од 20.11.2019 година , со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и замена на истата со други поблаги мерки за обезбедување присуство на обвинетиот Бојан Јовановски во текот на постапката, по разгледувње на списите во предметот одлучи изјавената жалба да ја отфрли како недозволена, согласно одредбата од чл.172 став 2 точка 5 од Законот за кривична постапка во врска со став 1 од истиот член од Законот, согласно која против решението на советот со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот не е дозволена посебна жалба.

Со образложението на причините за ваквата одлука, јавноста ќе биде запознаена со објавување на WEB страната на судот, дополнително.

Апелационен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_