ОГЛАС бр.2/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОГЛАС бр.2/2021

Новости  |  21.12.2021
Продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (прва продажба)

Врз основа на член 46, 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на РМ бр. 78/2015, 106/2015, 153/2015, 190/2016, 21/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлуката на Владата на РСМ за продажба на движни ствари бр.40-7612/1 од 23 ноември 2021 година, објавен во Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.261/21 од 26 ноември 2021 година, Комисијата за недвижни и движни ствари во Апелационен суд Скопје, објавува:

 

            О Г Л А С бр.2/2021

Продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање (прва продажба)

 

1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА

Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Република Северна Македонија - корисник    Апелационен суд Скопје, кои се продаваат согласно Одлуката од Владата на РСМ за продажба на движни ствари – патнички моторни возила бр. 40-7612/1 од 23 ноември 2021 година.

2. ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОE СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА, ПОЧЕТНА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Табела 1

 

Податоци за возилото

Вкупна Проценета почетна цена

Банкарска гаранција 2%

Минимален чекор

Час/почеток

1

Патничко моторно возило Audi тип 80

- година на производство 1991,

- Регистарска ознака: SK 984 КС

- број на шасија SALLNABG22-A236242,

- број на мотор ЅВ 204805,

- работна зафатнина 1796

- Сила на мотор:  55 KW

- боја на каросерија светло сива 7Е

28.340,00

без ДДВ

 

567,00


Без ограничување

 

 

13:00

 

 

 

2

 

 

 

Патничко моторно возило Mercedes тип E230

- година на производство 1993,

- Регистарска ознака: SK 418 LK,

- број на шасија WDB124023-1A369082,

- број на мотор 102982-10-051350,

- работна зафатнина 2298

- Сила на мотор:  97 KW

- боја на каросерија  металик плава 9A

Цената за продажба на патничките моторните возила е утврдена согласно Проценката CВ/EL.V-113/21 од 23.8.2021 година од Бирото за судски вештачења – Министерство за правда на Република Северна Македонија, каде е пресметана вкупната вредност на движните ствари во износ од 28.340,00 денари, која претставува почетна цена за електронското јавно наддавање.

Движните ствари - патнички моторните возила предмет на електронската аукција не се во исправна состојба, амортизирани се и нерегистрирани подолг период.

Патнички моторни возила кои се предмет на продажба, можат да се видат на локација: Во кругот на Затвор Скопје - Скопје, во период од 08:00 часот до 15:00 часот со претходна  пријава. Лице за контак Лиле Мицановска, телефонски број 070/708055, javninabavki@asskopje.mk              

3.ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Продажбата на движните ствари - патнички моторните возила ќе се врши заедно по пат на електронско јавно наддавање на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk, на ден 03.01.2022 година, со почеток како што е опишано во Табела 1.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО                                                                 

Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите заинтерисирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со движни ствари на територијата на Република Северна Македонија во согласност со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во огласот под услови пропишани со Законот за располагање со стварите во државна сопственост и стварите во општинска сопственост.

 

5.         ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УЧЕСТВО

Учесниците на јавното наддавање се должни по електронски пат да достават:

-           Пријава за учество и

-           Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на секое патничко моторно возилата, за кои се учествува на јавното наддавање

 

6.          УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

           Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање електронски на интернет страницата www.e-aukcii.finance.gov.mk  која треба да ги содржи сите податоци кои се утврдени во објавата.  Огласот не е деллив и пријавата може да се поднесе заедно за двете патничките моторни возила во Табелата 1   од овој оглас, а задолжително е да поднесат:

-           Генералии за истиот ( полн назив, точна адреса и тел.за контакт)

-           е-маил адреса на поднесувачот на пријавата.

Во прилог кон пријавата поднесувачите треба да поднесат и:

  1. За правни лица

-         Тековна состојба од Централен регистар на РСМ. Односно соодветен документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект.

            б.   За физички лица

            -  Копија од лична карта или патна исправа

            И за физичките и за правни лица подносителите треба да достават и:

 

-           Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2%од поединечната проценетата вредност на  патничкото  моторно возило односно како што е опишано во табелата 1, до истекот на рокот за пријавување, се поднесува електронски и оригинал во хартиена форма на адреса Комисија за продажба на движни и недвижни ствари во Апелационен суд Скопје, бул.Крсте Мисирков бр.1, Скопје, со назнака НЕ ОТВАРАЈ за Оглас бр.2/2021, во предвиденот рок за достава на пријавата. Банкарската гаранција треба да биде со важност од 60 (шеесет) дена сметано од денот на објавата на огласот.

                  7. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето по огласот број 2/2021, за продажба на движни ствари - патнички моторни возила, по пат на електронско јавно наддавање трае 10 календарски дена од денот на неговата  објава, заклучно со 30.12.2021 година.

На подносителите кои ќе достават пријава со комплетна документација во определениот рок, комисијата преку e-mail во рок од три дена од крајниот рок за достава на пријавите, ќе им достави корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а оние со некомплетна документација ќе ги извести дека нема да учествуваат во јавното наддавање. Комисијата за продажба на недвижни и движни ствари во Апелационен суд Скопје, по приемот на пријавите без присуство на понудувачите ќе утврди дали пријавите се доставени во предвидениот рок и дали ги содржат сите барани документи согласно условите во огласот.

 

8. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на сумата за патничкото моторно возило која е постигната на јавното наддавање. 

 

  1. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

-           Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку по огласот се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во огласот и ја прифатил почетната цена.

-           Почетната цена на електронското јавно наддавање претставува поединечната проценета вредност на секое од патничките моторни возила од Табела 1.

-      Минималниот чекор на зголемување на понудата  е без ограничување.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар - се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценетата поединечна вредност.

-     Понудувачот кој на Електронското јавно наддавање понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движните ствари- патнички моторни возила се стекнува со статус најповолен понудувач.

-      Најповолниот понудувач е должен да изврши уплата на средствата, односно износот постигнат на електронската аукција во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на писменото известување за избор, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договорот, а банкарската гаранција ќе биде активирана и понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно наддавање за предметните движни ствари-патнички моторни возила.

-     Одговорното  лице на Апелационн суд Скопје, со најповолниот понудувач  ќе склучи договор за купопродажба во рок од 5 дена од денот на извршената уплата.

-           Данокот на промет и нотарските трошоци за солемнизација на договорот за купопродажба на движните ствари - патнички моторни возила ќе ги сноси купувачот –најповолниот понудувач.

-           Трошоците околу транспорт и превземањето на движните ствари - патничките моторни возила е на терет на понудувачот.

-           По завршување на електронското јавно наддавање Електронскиот систем генерира Записник за спроведеното електронското јавно наддавање и истиот електронски се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.

-     Учесниците на електронското јавно наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од 3 дена од денот на одржување на електронското јавно наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот во рок од 5(пет) дена.

 

                              Су-03 – 455/21

                Скопје, 21.12.2021 година           

                                                          

     Комисија за недвижни и движни ствари

                на Апелационен суд Скопје        

Прилог:
ИЗЈАВА ЗА ВОЗИЛО
ПРИЈАВА ЗА ВОЗИЛО

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_