СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека во Судот е оформен предмет заведен под КЖ- 1047/24, а по повод изјавени жалби од обвинетиот В.Ј. од С. и Основното јавно обвинителство Скопје, против решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое према обвинетиот В.Ј. од С. е изречена заводска мерка – упатување во Воспитно поправен дом – Тетово. Предметот во Апелациониот суд Скопје е примен на 07.11.2024 година, по заведувањето и извршена автоматска распределба, предметот е доставен до Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно одредбите на Законот за кривична постапка, од каде е вратен во Судот на ден 27.11.2024 година.
Жалбената постапка е во тек.
Против Решението донесено од Основниот кривичен суд Скопје, со кое е укината мерката притвор за обвинетиот В. Ј. од С. и према истиот се определени мерки на претпазливост, не е изјавена жалба и истото решение не било предмет на оцена пред Апелациониот суд Скопје.
Апелационен суд Скопје