ЈАВЕН ОГЛАС број 1/2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС број 1/2022

Новости  |  24.3.2022
за избор на 50 судии поротници

Врз основа на член 42, член 43 и член 49  од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ бр.58/06, 62/06,  35/08, 150/10, 83/18, 198/18, и 96/19),   член 53 став 1 од Законот за судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.102/19), како  и Одлуката на Судскиот совет на РМ бр.07-1986/1 од 15.11.2013 година, Апелациониот суд Скопје,  објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС број 1/2022

за избор на 50 судии поротници

 

            Апелациониот суд Скопје  на Судскиот совет на Република Македонија ќе му предложи кандидати за избор на 50 судии-поротници за време од четири години.

 

            Кандидатите за избор на судија – поротник потребно  е да ги исполнуваат условите предвидени со член 42 став 2 и 3 од Законот за судовите и тоа:

 

-за судија-поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија, со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години

 

-за судија-поротник за судење на малолетни лица, кандидатите треба да имаат искуство во воспитанието и образованието на млади.

 

            Заинтересираните кандидати со пријавата потребно е да ги достават следните документи во оригинал или во фотокопија нотарски заверена:

 

-уверение за завршено образование најмалку средно образование,

-уверение за државјанство,

-потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-лекарско уверение,

-нотарски заверена изјава дека со судија или судија поротник во Апелациониот суд Скопје или со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар

 

          Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

            Рокот за поднесување на пријавите изнесува 10 дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници

Заинтересираните кандидати пријавата – молбата со назнака за Јавен оглас број 1/2022 за избор на судии – поротници во прилог со потребните документи и контакт телефон можат да ја достават во писмена форма преку приемната писарница на судот или  по пошта на адреса:
 

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ

бул.Крсте Мисирков бр.1 Скопје

 

                                                                                                               Апелационен суд Скопје 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_