Соопштение за јавност
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
Во врска со наводите изнесени од страна на Независниот синдикат на полицијата на прес конференција одржана на ден 15.04.2025 година, ве информираме:
До Апелациониот суд Скопје на 03.04.2025 година беше доставена покана за учество на работен состанок на тема „Предизвици и отворени прашања во врска со роковите за носење на решенија во дисциплинските постапки“.
Работниот состанок се одржа на ден 09.04.2025 година во просториите на Министерството за внатрешни работи со учество на претставници од Државното правобранителство на РСМ, Апелационен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.
Целта на состанокот беше овозможување отворена (интерактивна) дискусија за разгледување на тековните состојби во врска со роковите за носење решенија во дисциплински постапки водени во Министерството за внатрешни работи, а заради воедначување на судската пракса.
Апелациониот суд Скопје во рамките на своето редовно работење и остварување на законски утврдената надлежност е отворен за соработка со други органи на државната управа и организации, а се со цел воедначување на судската пракса.
По однос на наводите дека има промена во постапувањето, односно дека во Основниот граѓански суд Скопје се отфрлаат тужбите на полицајците, во период по одржаниот состанок, Апелациониот суд Скопје неможе да се произнесе од причина што сеуште овој вид предмети не се примени за одлучување по жалба.
По однос на барањето за изземање на судиите кои земале учество на конкретната работна средба, информираме дека секоја странка во постапката има право да поднесе барање за изземање на судечки судија од конкретен предмет.
Наводите за „политичко умилкување“ од страна на Судот кон Министерството за внатрешни работи, овој суд не ги коментира.
Со почит,
Апелационен суд Скопје