СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  11.4.2019

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ
11.04.2019 година
Скопје

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

            Во врска со реакциите во јавноста по повод одлуката по предметот КЖ.бр.954/18, Апелациониот суд Скопје ја информира јавноста за следното:

            Апелациониот суд Скопје во текот на жалбената постапка, имајќи го предвид фактот дека првостепената пресуда веќе еднаш е укината советот на овој суд одлучи да се одржи расправа пред второстепениот суд, на која јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје изврши измена на описот на обвинителниот акт по што обвинетиот  ја призна вината за стореното кривично дело и следуваше судот да донесе пресуда врз основа на признание на вина.

            При определување на видот и висината на казната советот ги имаше во предвид сите олеснителни и отежнувачки околности на страна на обвинетиот, признанието на вина и досегашната неосудуваност на обвинетиот, како и други околности конкретно наведени во писменото образложение на одлуката,  а особено околностите под кои се случила сообраќајната незгода во која согласно приложеното вештачење е утврдено дека придонес покрај обвинетиот кој го управувал возилото под дејство на алкохол од 1,13 грам промили и со брзина од 85км/час која била поголема од ограничената 60км/час за град Скопје, свој придонес има и оштетената која како пешак го минувала коловозот на запалено црвено светло за пешаци.

            Со оглед на наведеното имајќи ја во предвид и судската пракса за ваков вид кривично правни настани, советот на овој суд го осуди обвинетиот на казна затвор од 3 (три ) години, а воедно му изрече и казна забрана за управување со моторно возило од Б категорија во период од 1 (една) година.

            Одлуката на Апелациониот суд Скопје не е правосилна  и против истата може да се изјави редовен правен лек - жалба до Врховниот суд на Република Северна Македонија.

                                                                                                Апелационен суд Скопје

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_